fbpx

Тимот на Јанева комплетиран, со работа ќе почне в понеделник

-

Дванаесеттемина избрани обвинители од тимот на Катица Јанева денеска во Советот на јавни обвинители дадоа свечена заклетва, со што и официјално од понеделник ќе почнат со работа по наводите што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.

На свечената седница, обвинителите се заколнаа дека ќе работат одговорно и чесно, во согласност со Уставот, законите и со ратификуваните меѓународни договори, а претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, им го честиташе изборот и им посака успех во работата.

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, му се заблагодари на Советот на јавни обвинители и истакна дека одлуката за избор на нејзиниот тим била донесена по консултации и по состаноци со Советот на јавни обвнинители, на кои постигнале согласнот околу изборот на 12 помошници-обвинители.

Јанева рече дека Специјалното обвинителство со работа ќе почне в понеделник, дека финансиите што пред неколку дена ѝ ги одобри Собранието треба да легнат на сметката на новоформираното обвинителство и дека во тек е опремувањето и на просториите што ѝ се дадени за работа.

Специјалната обвинителка денеска не сакаше да ја коментира вчерашната одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која се предвидува дека „бомбите“ нема да можат да се користат како доказен материјал. Исто така, не сакаше да го коментира ниту најавеното преиспитување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Јанева потврди дека во Специјалното обвинителство пристигнуваат материјали кои не се дел од 28-те предмети, а на новинарско прашање дали лица се пријавуваат за заштитени сведоци, таа не сакаше конкретно да одговори и рече дека тоа е во процедура.

На денешната свечена седница, не присуствуваше републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Прашана за коментар околу тоа и дали има нешто да му порача на Зврлевски, Јанева рече дека го поздравува и го почитува Марко Зврлевски како републички јавен обвинител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...