fbpx

Последниот осомничен за нападот на полицајците во Тетово сам се пријавил во полиција

-

По осумдневната полициска потрага, во полициската станица во Тетово вчера попладне сам се пријавил 17-годишниот малолетник кој учествуваше во нападот на полицајците, што се случи во близина на центарот на Тетово.

– Малолетникот, син на 40-годишниот И.И. и внук на 69-годишниот А.И., кои на полицајците им нанесоа тешки телесни повреди, е осомничен за соизвршителство во напад на службено лице при вршење работи на безбедноста и ќе биде изведен пред судија за малолетници во Основниот суд во Тетово – рече портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

За истото дело осомничен е и 36-годишниот Е.Ј., кој беше приведен уште минатиот петок, додека А.И., осомничен за обид за убиство, и И.И., осомничен за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, сами се пријавија во полиција во средата. За сите три лица определен е притвор во траење од 30 дена.

Нападот врз полициските службеници се случи при обид да биде уапсен 40-годишниот И.И. поради одлежување затворска казна. Во инцидентот двајца полицајци добија тешки телесни повреди. Едниот од нив е во животна загрозувачка состојба. Тој од лицето А.И. беше нападнат со железна прачка, при што му беа нанесени повреди на главата и по телото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.