fbpx

Коневски: Талески е чесен, а Јанева треба да се соочи со срамот и со судот на јавноста

-

Владимир Талески е еден од најдобрите градоначалници во Република Македонија, изјави денеска градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, додавајќи дека Талески чесно и совесно си ја вршел својата функцијата од 2005 година наваму и затоа трипати по ред ја добива поддршката на битолчани.

– Тоа добро го знае и аболираниот криминалец Зоран Заев. Тој знае дека со луѓе како Владимир Талески, деструктивната политика на СДСМ никогаш нема да добие поддршка од граѓаните. Затоа Зоран Заев, кој е аболиран за криминал тежок осум милиони евра, нарачува политички прогон на градоначалници и на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Катица Јанева постојано ги следи неговите наредби. Таа мора да биде негов послушник за да ја оправда платата од 3.000 евра. Затоа СДСМ се заканува и врши притисоци врз судиите, бидејќи во партијата знаат дека тука не станува збор за правда базирана на какви било докази, туку за класичен политички линч – рече Коневски.

Градоначалникот на Аеродром истакна дека Јанева и судиите што подлегнале на притисокот од СДСМ се должни да ѝ објаснат на јавноста како е можно да се бара и да се изрече мерка куќен притвор за градоначалникот Талески, а да нема таква мерка за градоначалникот на Струмица.

„Како е можно Владимир Талески, кој редовно се јавуваше на сите судски покани да биде во куќен притвор, а Зоран Заев, кој јавно изјавуваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да се одѕива на поканите, да биде на слобода? Конечно, Катица Јанева треба да се соочи со срамот и со судот на јавноста. Треба да ја каже вистината дека нема никаква вина кај Талески, ниту некаква материјална штета за државата. Запазена е целосно законската тендерска процедура и избрана е најдобрата понуда. Дали Катица Јанева знае колкава е просечната цена по ученик во Куманово? Ако не знае, ние ќе ѝ помогнеме. Медиумите веќе објавуваа дека просечната цена за превоз по ученик во Куманово е за 2,5 пати повисока отколку цената што ја плаќа Општина Битола. Ова е факт. Од овој факт бегаат и Зоран Заев и Катица Јанева“, рече Коневски.

Според градоначалникот на Аеродром, селективниот пристап на Јанева е уште еден доказ дека тоа што го прави нема никаква допирна точка со правдата и оти Талески е жртва на политичкиот прогон на Заев и на Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...