fbpx

Порталот за отворени податоци е добар исчекор, но за целосна транспарентност има уште многу работа

-

Креирањето и пуштањето во употреба на новиот портал за отворени податоци на Владата на Република Северна Македонија е добар исчекор, кој дава јасен сигнал за посветеноста на транспарентноста. Но за да се забележат вистинските потенцијални придобивки, потребно е да се отворат податоци кои ќе овозможат создавање нови производи и услуги од страна на институциите, граѓанскиот сектор и бизнисот.

Неоспорлив факт е дека во Владата постои политичка волја и посветеност за спроведување на политиките за отвореност и транспарентност, што, како што вели британската амбасадорка Рејчел Галовеј, произлегува и од самото членство во „Отвореното владино партнерство“.

Амбасадорката Галовеј посочува дека покрај новиот портал, кој патем е помогнат од страна на Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје, изработен е и граѓански буџет, а креирана е и стратегија за отворени податоци, која треба да се спроведе.

Rejchel Galovej ambasador UK 24dek18 - Vlada‘Транспарентноста треба да биде постепено вкоренувана во општеството. Со плаќањето даноци ,граѓаните инвестираат во владите, кои потоа треба да покажат резултати – вели Галовеј додавајќи дека „понекогаш заради безбедносни причини, информациите треба да останат заштитени – но само таквите информации“.

Таа потенцира дека граѓаните треба да знаат што прави владата во нивно име а „тоа може да се направи само со целосна отвореност и транспарентност во врска со начинот и причините заради кои се носат одлуки, како тие одлуки се ставаат во пракса и кои се ефектите на тие политики“.

Од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), сметаат дека отворањето на порталот за отворени податоци влијае позитивно врз подобрување на услугите и ефикасноста на администрацијата, но влијание и на евро-интегративните процеси.

Според Гордана Гапиќ-Димитровска од МИОА, отворањето на податоците е само половина од битката.

Gordana Gapikj Dimitrovska na rasprava za data gov mk 24dek18 - Vlada-Податоците сами по себе најчесто не ни укажуваат на ништо, сè додека не се презентирани на соодветен начин – вели таа.

Затоа, додава Гапиќ – Димитровска, владата планира во соработка со бизнис заедницата да работи на визуелизации на податоци и да креира апликации од отворените податоци со што дополнително ќе се стимулира економијата.

Во моментов, неколку месеци откако е онлајн, на порталот се објавени 190 отворени податочни сетови од повеќе од 40 институции.

-Ова е само почеток, и бројот на податоците постојано се зголемува. Институциите стануваат свесни за важноста од отворање на податоците, во секоја институција имаме задолжен офицер за отворени податоци – вели Гапиќ – Димитровска, додавајќи оти МИОА активно и посветено работи на промена на културата на владата и администрацијата, со цел целосна отвореност и транспарентност.

Дека треба да се работи на промена на културата се согласува и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари. Тој смета дека „паралелно со градењето свест дека податоците им припаѓаат на граѓаните а не на институциите, на вработените во државните институции треба да им се помогне да ги идентификуваат и отвораат релевантните податочни сетови“. Јашари посочува дека во овој процес може да помогне и граѓанскиот сектор, што е дефинирано во самата стратегија за отворени податоци.

Тој потенцира дека порталот е добар исчекор, но за да се забележат придобивките од отворањето на податоците кои се во сопственост на државните институции има уште многу работа.

Бардил Јашари и Аиво Орав-Освен подигањето на свеста за тоа што се и како може отворените податоци да се користат за придобивките да станат опипливи, треба да се отвораат податоци кои ќе овозможат создавање на нови производи и услуги од страна на институциите на државата, граѓанскиот сектор и бизнисите. Не помалку важна придобивка е и зголемувањето на довербата кон институциите, а тоа може да се постигне и почувствува само доколку податочните сетови што се отвораат се релевантни за граѓаните, бизнисите, медиумите и граѓанските организации – додава Јашари.

Давајќи пример за добра искористеност на отворените податоци, британската амбасадорка Рејчел Галовеј посочи дека според Британскиот институт за отворени податоци, 270 компании и организации од Обединетото Кралство произведуваат или инвестираат во отворени податоци како главна карактеристика на нивната работа. Дури 70 отсто од овие компании користат податоци од британската Влада како на пример: Агенцијата за животна средина, Метеоролошкиот завод и Националната здравствена служба.

-Податоците и дигиталните вештини се сегашната и следната индустриска револуција. Се надеваме дека нашата поддршка за проектот „Училишта на 21-от век“ за користење на уредите Микро:бит во сите основни училишта во Северна Македонија и програмата која ја развиваме со Комората за информатичка технологија на Северна Македонија и Националниот младински совет за дигитални вештини за младите ќе ја инспирира следната генерација во дигиталната сфера и користењето отворени податоци за доброто на сите нас – вели Галовеј.

Меѓу останатите примери на организации кои користат отворени податоци на сосема поинаков начин се:

CarbonCulture – платформа која им помага на луѓето и организациите да ги користат ресурсите на поделотворен начин, а со тоа да го намалат отпадот и да заштедат пари.

Arup – глобална инженерска консултантска фирма која користи отворени податоци што играат клучна улога во нивната работа.

FoodTrade – онлајн платформа која спојува над 1.600 локални производители на храна со потрошувачите за да ја мапира понудата и да промовира транспарентност во секторот храна.

OpenCorporates е најголемата отворена база на податоци на компании во светот, која содржи информации за повеќе од 100 милиони компании во повеќе од 115 јуриздикции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...