недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Метаморфозис | 187 резултати

Граѓанскиот сектор треба да е вклучен во процесите на донесување одлуки во РСМ

декември 4, 2025

Просторот за дејствување на граѓанското општество во Северна Македонија значително е стеснет во текот на изминатата година, и покрај, генерално поволната средина. Ова, меѓу другото, го кажа Европската комисија во последниот Извештај. Иако невладините организации инсистираат дека улогата на граѓанското општество треба да биде како рамноправен партнер на владата, а не само како декор или […]

Политичките поделби, нерегулираните социјални мрежи и непрофесионалните медиуми се овозможувачи на ФИМИ за време на изборите

ноември 19, 2025

Дезинформациите најмногу се шират на ТикТок, Фејсбук, Инстаграм и платформата Х, а регулацијата на социјалните мрежи е речиси непостоечка, беше кажано на презентацијата на извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ за време на изборите во Северна Македонија“ кој Фондацијата Метаморфозис го промовираше денеска заедно со партнерите од Интернешенал ИДЕА во рамки на Деновите на медиумска писменост

„Балканскиот медиумски камион“ пристигнува во Македонија – четири градови во фокусот на медиумската писменост

ноември 3, 2025

По турнејата низ Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, „Балканскиот медиумски камион“ (Balkan News Truck) пристигнува и во Македонија. Во рамки на своето патување низ регионот, камионот ќе направи четири станици во земјата – Битола, Гостивар, Штип и Скопје, каде граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во низа интерактивни настани поврзани со медиумите […]

Балканскиот медиумски камион пристигнува во Македонија

ноември 1, 2025

Пристигнува во Македонија Балканскиот медиумски камион (Balkan News Truck), иницијативата која ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons. По турнејата во Косово, Босна и Херцеговина, […]

Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

октомври 29, 2025

Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]

Меѓународен ден за универзален пристап до информации: Владата е најотворена во регионот, но стагнира во напредокот

септември 28, 2025

Според Индексот на отвореност за 2024 година, исто како и претходната година, Владата на Северна Македонија е најотворена институција меѓу групите од извршната власт, министерства и органи на државната управа, исполнувајќи 77,32 % од критериумите. Во споредба со претходната година има забележано пад од минимален 1 отсто, кој се повторува втора година по ред. Фондација […]

Реформската агенда со скромни чекори : Граѓанскиот сектор вклучен во мониторингот, но институциите се затворени

септември 20, 2025

Северна Македонија направи многу малку во однос на тоа што е потребно за реформската агенда. Ова го покажа табелата на резултатите од Програмата за развој и реформи на Западен Балкан објавена од Европската комисија. Граѓанското општество, иако е вклучено во мониторингот, се соочува со ограничени суштински консултации и недостаток на пристап во однос на спроведувањето или неспроведувањето […]

Политичките влијанија и финансиските проблеми ја гушат медиумската слобода

септември 10, 2025

Бавното темпо на реформи во медиумите, политичките влјанија и притисоци, економската несигурност, присуството на дезинформации – сето ова придонесува за ниска доверба на јавноста во медиумите. Ова е нотирано во последниот Извештај од сенка за слободата на медиумите во С. Македонија, кој го објави Фондацијата Метаморфозис, заедно со Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa (ОBCT). Овој извештај, […]

Утре во Јуроп Хаус ќе се одржи Промоција на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија

септември 9, 2025

Утре на 10 септември во Јуроп Хаус Фондацијата Метаморфозис, заедно со Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa ќе ја одржи Промоцијата на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија. Настанот ќе започне со воведни обраќања и презентација на клучните наоди и препораки од извештајот, по што ќе следува панел дискусија со истакнати експерти и […]

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

мај 21, 2025

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи – политичка волја, усогласеност во делувањето, координација и акција како и здружување ресурси и зголемување инвестиции во решавањето на проблемот. Ова се само дел од заклучоците и препораките […]

Фондацијата Метаморфозис во фокусот на глобална кампања по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

мај 3, 2025

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, глобалната мрежа IFEX ја започна кампањата „Соочување со моментот на АИ“, фокусирајќи се на напорите на граѓанското општество за справување со дезинформациите во ерата на вештачката интелигенција. Фондацијата Метаморфозис е меѓу истакнатите организации во оваа кампања, со својот иновативен пристап кон вклучување на младите и медиумската писменост, […]

Итно усогласување на регулаторната рамка на Балканот со Законот за дигитални услуги – клучно за борбата против дезинформациите

април 2, 2025

Недостигот од правни и институционални механизми за заштита на дигиталниот простор на Балканот го прави регионот ранлив на манипулации, дезинформации и странски влијанија. Додека Европската Унија со Законот за дигитални услуги (ДСА) воспоставува јасни правила за поголема транспарентност и одговорност на онлајн платформите, земјите од регионот сè уште немаат слична регулаторна рамка. Kолективната борба против […]

Поголема транспарентност и надзор над платеното политичко рекламирање во онлајн медиумите

март 4, 2025

Потребно е да се зајакне транспарентноста и надзорот на платеното политичко рекламирање во онлајн медиумите за време на предизборната кампања. Ова е основната премиса од која што започна имплементацијата на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија, кој го имплементира Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) заедно со Фондацијата Метаморфозис. Како кулминација на овој […]

Пауер: Има неколку начини како да се спречи корупцијата во финансирањето на онлајн медиумите со државни пари

јануари 27, 2025

РСМ, има неколку начини како да се спречи корупцијата во финансирањето на онлајн медиумите со државни пари Британскиот експерт за финансирање избори и предавач на Универзитетот во Бристол, Сем Пауер, денеска на брифинг со новинарите во Скопје, организиран од Фондацијата Метаморфозис и Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), ги презентираше главните наоди од проектот „Парите, […]

Да се зајакне застапеноста на жените во политичкото рекламирање, малку ги има и на интернет порталите

ноември 25, 2024

Во С. Македонија постои ниско присуство на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање. Ова е еден од главните заклучоци истакнато на денешната дискусија на тркалезна маса на тема „Промовирање на инклузивно покривање на жените за време на избори на онлајн медиумите” што се одржа во „Холидеј Ин“. Наодите од […]

„Е-општество“: Западен Балкан е мета на дезинформации и странски влијанија, институциите треба повеќе да работат во оваа насока

ноември 5, 2024

Дезинформациите и странските влијанија циркулираат во различни форми во земјите од Западен Балкан и на тој начин создаваат штетни последици во овие општества. Руското и кинеското влијание, меѓуетничките тензии, дигиталната безбедност и најразновидните дезинформации се само дел од наративите што се шират во овие земји. Институциите не прават доволно за да се борат со овие […]

Мемиња – новата комуникациска алатка која како пожар се шири меѓу младите на социјалните мрежи

ноември 5, 2024

„Покажи ми го твоето меме“, односно мемињата како начин за ширење на информации или дезинформации беше една од дискусиите на денешната конференција Е-општество, организирана од Фондација Метаморфозис, која одбележува 20-годишнина од своето постоење. Тројцата соговорници, специјалистот за комуникации и нови медиуми од Меѓународниот балкански универзитет, Сеад Џигал, новинарот во Мета.мк и креаторот на познатиот инстаграм […]

Јубилејно 20 издание на „Е-општество“: Да ги разбереме вистинските придобивки на дигитализацијата

ноември 5, 2024

Дигитализацијата и дигиталната трансформација се важни процеси во денешното општество, а многумина лошо ја сфаќаат, односно, не ги разбираат нејзините вистински придобивки. Затоа, треба да се трудиме да овозможиме дигитално да се спроведуваат процесите и услугите кои се важни за граѓаните. Ова беше истакнато денеска на отворањето на јубилејното 20 издание на меѓународната конференција „Е-општество“, […]

Дигиталната трансформација во фокусот на дваесеттата меѓународна конференција „е-Општество.мк“

ноември 1, 2024

Дваесеттата по ред меѓународна конференција „е-Општество.мк“, чија тема годинава е „Дигитална трансформација за подобар живот“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, ќе се одржи на 5 и на 6 ноември. Овојпат, во фокусот ќе бидат теми поврзани со создавање дигитално општество кое ги задоволува потребите на сите и општество кое ги почитува […]

Истражување на Метаморфозис: Стабилноста под закана – ФИМИ во Северна Македонија

октомври 2, 2024

Како точка од интерес за светските суперсили и земја во која најдобро напредува корупцијата, Северна Македонија во изминатата деценија се соочи со значителни предизвици поврзани со Манипулации со информации и опструкции од странство (ФИМИ). Иако некои од главните елементи се внатрешни, односно се однесуваат на слаб медиумски професионализам и политички превирања, недостатокот од кохерентен одговор […]

Страна 1 од 10