fbpx

Поради посетата на папата, граѓаните наместо на Клинички центар да се упатат кон „8 Септември“ и „Св.Наум Охридски“

-

Поради посетата на папата Франциск, граѓаните наместо во Клинички центар „Мајка Тереза“ да ги користат здравствените услуги во Градската општа болница „8 Септември“ и Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“, апелираше државниот секретар во Министерство за здравство Владимир Милошев.

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ услуги ќе се даваат само во Клиниката за детски болести и на Гинекологија, а приодот кон нив ќе биде од задната страна од кај хотелот „Тасино чешмиче“.

Паркингот на Клинички центар ќе биде празен и ќе може да влегуваат само возилата на Итната медицинска помош.

„Во „Св.Наум Охридски“ ќе може да се користат услугите на општа и дигестивна хирургија, трауматологија, урологија, неврохирургија, реанимација и болницата ќе работи со полн капацитет. Клиничкиот центар нема да биде затворен, ќе бидат затворени дел од улиците. Но секој граѓанин, до кој нема да допре информацијата за тоа каде може да побара здравствена услуга, и ако се затекне на Клинички центар нема да биде вратен. На пациентите на кои им беа откажани термините за прегледи утре, ќе им бидат испратени пораки за следен слободен термин од 8 мај (среда)“, додаде Милошев.

Утре, поради пристигањето на папата Франциск ќе им посебен режим на движење на пешаците и автомобилите, посебно во централното градско подрачје.

А, поради зголемена безбедност ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје исто така ги информираше граѓаните од општината Центар, дека вечерва ќе ги дислоцираат контејнерите на 45 локации и дека ќе ги вратат утре вечер во 22 часот. Од таму апелираат граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...