Тевдовски на годишните средби на ЕБОР во Сараево

-

Министерот за финансии Драган Тевдовски, во рамки на делегацијата предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, ќе учествува на годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои ќе се одржат од 7 до 9 мај во Сараево, Босна и Херцеговина.

„Годишните средби на Европската банка за обнова и развој се одлична можност да се сврти вниманието кон потенцијалите за инвестирање во земјава, како и да се зборува за тековни и идни проекти кои ги финансира Банката. Главна тема на годинешните средби ќе биде „Поврзување на економиите за посилен раст““,  информираат од Министерство за финансии.

Денеска Тевдовски, заедно со премиерот Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во Скопје ќе остварат и средба со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти, кој е во посета на нашата држава.

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи...