fbpx

СДСМ победи на изборите за градоначалници во Охрид и во Ново Село

-

Покрај победата на Стево Пендаровски, кој беше кандидат на СДСМ, оваа партија триумфираше и во трката за градоначалници во општините Охрид и Ново Село.
Така, според резултатите објавени од Државната изборна комисија (ДИК), според 100 отсто преброени гласови, за нов градоначалник на Охрид е избран досегашниот в.д. градоначалник Константин Георгиески, како кандидат на СДСМ.

Тој освоил 16.523 гласови, наспроти Митре Милошевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 12.668 гласови.

Константин Георгиески инаку, ја извршуваше функцијата градски татко по ненадејната смрт на избраниот градоначалник Јован Стојаноски во декември минатата година.

И во Ново Село СДСМ извојува победа, но многу тесно – со само 19 гласови предност. Никола Андонов, кандидатот на владејачката партија, доби 2.885 гласови, а Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ, 2.866 покажуваат резултатите од ДИК.

Во Ново Село се пополнуваше градоначалничкото место по апсењето и затворската казна на избраниот градоначалник поради шверц на цигари. Тој беше уапсен на 10 јули минатата година, а оставка си поднесе на почетокот на октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...