fbpx

Подготвен предлог-закон за вработување студенти

-

Владата, преку Министерството за информатичко општество и администрација, почна со реализација на проектот за вработување на стоте најдобри студенти на јавните универзитети во Македонија.

 За да се воспостави континуирано вработување на најдобрите студенти во институциите на јавниот сектор, подготвен е предлог-закон со кој се уредува начинот и постапката во која ќе се вработуваат студентите. Предложеното законско решение ќе се најде во владина процедура веќе во текот на следната недела, најави заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски.

Предлагач на законот е Министерството за информатичко општество и администрација, а како што е предвидено во завршната одредба, неговата примена ќе почне од 1 август 2017 година.

– Секоја година, во август, Владата ќе објавува оглас за вработување на сто најдобри студенти, на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани кандидати кои во тековната година имаат завршено универзитетски студии и студиски програми кои се реализираат интегрирано низ првиот и низ вториот циклус на студии. Стоте работни места ќе бидат распределени на петте најдобри јавни универзитети во Република Македонија, според последно објавената официјална ранг-листа на високообразовни установи во Република Македонија – изјави Муцунски.

При пресметката на бодовите од формалното образование, главен критериум ќе биде просечниот успех со кој кандидатот ги има завршено студиите. Дополнителни бодови ќе носат и освоените меѓународни награди, како и бројот на положени испити на студентот кај професор кој има објавено повеќе од два меѓународни трудови во меѓународни списанија од базата на Томсон Ројтерс.

– За да се обезбеди застапеност на вработување од сите профили, во постапката за вработување, при распределбата на работните места, ќе се води сметка работните места да бидат распоредени на сите научни подрачја, односно да се вработат најдобрите студенти од различни студиски програми – рече Муцунски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...