fbpx

По Брексит сè повеќе се бараат ирски пасоши

-

Поради одлуката на Британците да излезат од Европската Унија, дојде до пораст на барањата за добивање ирски пасош за полесно влегување на територијата на Унијата, соопштија ирските власти.

Службата за издавање патни исправи наведе дека е забележан невообичаено голем број барања на Британци со ирско потекло за издавање ирски пасош.

Пасошот на Република Ирска овозможува барање работа во земјите на ЕУ без посебни дозволи, користење здравствени услуги и социјална помош.

Ирското државјанство се стекнува автоматски доколку еден од родителите е роден во Ирска или имал нејзино државјанство.

Во Велика Британија има 430.000 Ирци, а секој четврти граѓанин одржува врска со Република Ирска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.