fbpx

Пациентите кои прележале ковид-19 ќе можат да одат на рехабилитација во Институтот за физикална медицина

-

Институтот за физикална медицина и рехабилитација, со поддршка на Министерството за здравство, подготви еден оддел наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација, информираат од ова министерство, со објаснување дека е тоа поради долгорочните последици од инфекцијата со корона вирусот и сѐ поголемата потреба за рехабилитација на пациентите кои ја прележале болеста.

Министерството за здравство соопшти дека досега Институтот имаше само индивидуални барања од пациенти кои се третираа амбулантски, но од неодамна оваа јавно здравствена установа во соработка со Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје и ГОБ „8-ми септември“ започна со организиран болнички пристап за рехабилитација на пациенти кои прележале ковид-19 и заедно со специјалисти инфектолози од Клиниката и болницата, Институтот веќе спроведува конзилијарни прегледи од страна на специјалисти физијатри.

„Овие пациенти кои со денови, некои и со недели, беа хоспитализирани поради ковид-19, се соочуваат со потешкотии и во дишењето и во движењето, кои побрзо и полесно се надминуваат со стручна помош, во смисла на респираторни вежби и физикални вежби за нивно враќање кон нормалните животни активности. Она што досега го гледаме како резултат од рехабилитацијата е исклучителен напредок кај овие пациенти. Некои доаѓаат во колички, неподвижни, изнемоштени, а по само две недели веќе одат самостојно, без помагала. Со ова, практично, одиме чекор понатаму во грижата за пациентите. Се грижиме, не само за превенција, туку и за рехабилитација која е навистина важен сегмент од секој напреден здравствен систем“, потенцира министерот за здравство Венко Филипче.

Според Маја Манолева, директорка на Институтот за физикална медицина и рехабилитација, рехабилитацијата на овие пациенти трае различно, зависно од тежината на клиничката слика и последиците, но во просек од 2 до 4 недели. Најголемиот дел од пациентите покажале значително подобрување на респираторната функција, олеснување на анксиозноста и депресијата, намалување на компликациите, намалување на попреченоста, побрза вертикализација и оспособување за побрзо и поефективно враќање кон секојдневните животни функции.

Пациентите кои биле лекувани во домашни услови или се веќе испишани од инфективните одделенија, но сѐ уште чувствуваат слабост и имаат проблеми со компликациите од болеста, можат да се јават на преглед во Институтот преку „Мој термин“, но и преку амбулантите во установата, информираат од Министерсвото за здравство. Додаваат дека Институтот е веќе во комуникација и со дел од општите болници низ државата за пренесување на искуствата и едукација на кадарот, со цел натамошно вклучување за рехабилитација на пациентите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...