fbpx

Откриени 119 нови случаи на ковид-19, три лица починале, 257 оздравеле

-

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи ковид-19.
Во истиот временски период, 257 пациенти се евидентирани како оздравени.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.576.424 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...