„МакеДокс“ издаде прирачници за користење документарни филмови во наставните програми

Фото: МакеДокс, фејсбук профил

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ во изминативе два месеци го реализираше својот пилот прокет „Користење на документарен филм како алатка во наставата во средното образование“.

Во претходните недели МакеДокс ја организираше проекцијата на „Боговите од Моленбек“ во сценарио и режија на Reetta Huhtanen во киното „Фросина“, што беше проследена со краток разговор за филмот и активностите реализирани за проектот што наведува воведување на документарниот филм во програмата за средното образование кај учениците. На проекцијата присуствуваа 11 професори од средни училишта кои предаваат на македонски и албански наставен јазик.

Професорите во соработка со тимот од МакеДокс работеа на создавање на модел лекции за два документарни филма, кои можат да се користат како алатки во наставата. За професорите кои учествуваа беа обезбедени прирачници со инструкции за користење на двата филма на часовите, на македонски, албански и турски јазик.
Овој проект е реализриан како дел од фондот „Градење мостови“ на мисијата на ОБСЕ во Скопје.