fbpx

Нови 613 случаи со ковид-19, 688 оздравени и 25 починати лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи со ковид-19 во: Скопје-204, Куманово-35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од: Скопје-251, Куманово-38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45,  Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.

Починати се 25 лица, осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...