Во последниве 24 часа од последиците од ковид-19 починале седум лица, а пријавени се дополнителни 6 смртни случаи од болеста од претходно, се дознава од новите статистички податоци што ги објави Министерството за здравство (МЗ)
Од вчера попладне до денеска попладне, направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на ковид-19, во: Скопје – 1.070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82 г и 87 г), 2 починати лица од Прилеп (74 г и 86 г) и по едно починато лице од Ресен (67 г), Струга (71 г) и Крива Паланка (39 г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66 г и 78 г) и по едно починато лице од Скопје (71 г), Битола (78 г), Делчево (70 г) и Кавадарци (76 г), починати во период 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Со тоа, бројката на новопријавени смртни случаи од последици од ковид-19 се зголеми за 13.
Досега во земјава се направени вкупно 1.672.767 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.