fbpx

Русија означи како „странски агенти“ уште шест новинари на Радио Слободна Европа

-

Радио Слободна Европа (РСЕ) објави дека уште шест нивни новинари се означени како „странски агенти“ од Руската Федерација, со што овој медиум ја започна 2022 година со вкупно 18 руски новинари од сервисот на РСЕ што се означени како „странски агенти“ и кои се соочуваат со проценети казни од над 13 милиони долари според рускиот закон за „странски агенти“.

Од РСЕ велат дека станува збор за руска кампања што има за цел да ги замолчи независните медиуми и да ја прекине работата на нивниот сервис на руски јазик во оваа земја.

„Покрај 100.000-те војници што Русија ги распореди долж границите со Украина, исто така се интензивираа и насилничките акции на Русија против независносто новинарство. РСЕ ќе продолжи да му обезбедува на рускиот народ вести и информации што им се неопходни за да ја повикуваат нивната влада на одговорност“, изјави претседателот на Радио Слободна Европа, Џејми Флај.

Од РСЕ информираат дека на 30 декември минатата година Русија ги додала новинарите на РСЕ, Јелена Владикина и Иван Бељаев на списокот како индивидуални медиумски „странски агенти“, заедно со уште шест други руски интелектуалци, вклучувајќи ги и членовите на активистичка група „Пуси рајот“.

Ваквите означувања на новинарите како „странски агенти“ ги прави според контроверзниот закон подложни на тешки и инвазивни барања за финансиско известување и ги принудува да додаваат долги и законски задолжителни етикети на нивниот статус „странски агент“ во целокупната електронска кореспонденција или објавените содржини.

На 3 декември, за „странски агенти“ беа прогласени и новинарите на РСЕ Алина Григориева, Андреј Григориев, Регина Кисамова и поранешната соработничка Регина Гималова. И во октомври 2021 година, руските власти преку Министерството за правда додадоа пет новинари на РСЕ на списокот на „странски агенти“.

Како што јавува Радио Слободна Европа, со најновите дополнувања на списокот во Русија во моментов се означени дури 35 индивидуи како „странски агенти“, додека дополнителни 36 медиумски организации се прогласени за „странски агенти“. Покрај деветте сервиси на РСЕ и нивната медиумска подружница во Русија, Министерството за правда ги има додадено и медиумите Гласот на Америка, Медуза, ТВ Дожд, Медиазона, ОВД-Инфо и серија од други редакции на списокот за „странски агенти“.

Неколку дена пред новогодишните празници, ОВД-Инфо, руска организација за правна помош и човекови права, на 25 декември објави дека нејзината веб-страница е блокирана од Роскомнадзор, рускиот регулатор на интернет и медиумите, што претставува уште еден класичен обид за цензура на рускиот интернет простор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...