fbpx

Нов руски напад со дронови врз Украина, предизвикан пожар во Одеса

Украинските воздухопловни сили соопштија дека изминатава ноќ од страна на Русија биле употребени ирански дронови „Шахед 136/131“

-

Русија изврши нов напад со камиказе-дронови врз Украина изминатава ноќ, при што бил погоден пристанишниот град Одеса, пренесува Гардијан. Нападот предизвикал пожар во инфраструктурен објект, но нема информации за загинати и повредени лица, објавија украинските власти.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека изминатава ноќ од страна на Русија биле употребени ирански дронови „Шахед 136/131“, при што нивната противвоздушна одбрана успеала да собори 10 од вкупно 12 лансирани дронови, јавува Укринформ.

Жестоките борби во Украина продолжија и во изминатово деноноќие, а украинската војска соопшти дека најинтензивни борби се водат во градовите Бахмут и Маринка во Донецкиот регион.

Украинските власти соопштија дека руските сили извршиле гранатирање на населени места во Херсонскиот регион во 79 наврати во изминативе 24 часа, при што еден цивил загинал од руските ракети. Кон градовите и селата во овој регион за само едно деноноќие биле истрелани 350 ракети од страна на руските сили, пренесува Укринформ.

Загинати цивили како резултат на континуираната руска агресија врз Украина се регистрирани и во Донецкиот регион во текот на изминатово деноноќие. Еден цивил загинал во градот Бахмут, додека 13 други лица се ранети како последица на руските воени дејствија, пишува Укринформ.

Украинските власти соопштија дека руските сили извршиле гранатирање и врз градот Вовчанск во Харкивскиот регион, при што биле погодени куќи и пазар. Извештаите говорат за двајца повредени цивили во пазарот, додека две лица се водат како исчезнати и спасувачките тимови и понатаму трагаат за нивните тела под урнатините на овој цивилен објект, пренесува Гардијан.

Во Луханскиот регион било погодено населеното место Невске, при што една жена била повредена во гранатирањето, соопштија украинските власти.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации досега регистрирала 22.904 цивилни жртви од почетокот на руската воена инвазија врз Украина. Потврдени се 8.534 загинати цивили и 14.370 ранети лица, пренесува Укринформ.

Сепак, наспроти ваквите бројки, и од Високиот комесаријат потврдуваат дека вистинскиот биланс на загинати и повредени лица во војната во Украина е многу поголем, бидејќи информациите од некои зони на интензивни воени дејствија пристигнуваат задоцнето, а многу извештаи за загинати цивили остануваат непроверени. Ова особено се однесува на Мариупол, Лисичанск, Попасна и Северодонецк, каде што беа пријавени бројни цивилни жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...