Невреме на цел Балкан, поплави и штети во Грција и во Хрватска

-

Поради невремето со силен дожд, ветер и со снег што го зафати целиот Балкан, во Грција и во Хрватска се забележани поплави на повеќе места и штети од турнати дрвја и бандери, јавуваат балканските медиуми.

Во градот Патра на грчкиот полуостров Пелопонез, е поплавена болница, на островот Кефалонија имало и торнадо, додека во Парга, популарното летувалиште за Македонците на брегот на Јонско Море, паѓал град. Во Солун, исто така, биле предизвикани повеќе проблеми. Се очекува лошото време да продолжи до четврток.

Силно невреме вчера ја зафати и речиси цела Хрватска, а особено се погодени местата на Јадранскиот Брег. Така, во Риека вчера до вечерта наврнале речиси 20 сантиметри дожд на еден квадратен метар, што поплавило голем број сообраќајници. На некои места имало вода до 40 сантиметри на еден квадратен метар, а состојбата почнала да се подобрува подоцна вечерта.

Во Сплит бурата кршеше гранки и превртуваше контејнери, а урна и една бандера. Во Задар падна едно дрво и тешко оштети два автомобила.

На планините паѓал снег.

Утрово на морскиот брег дува оркански ветер со брзина околу 130 километри на час, од Пореч сè до Макарска.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...