fbpx

На новата е-платформа на Централен регистар ќе има и доброволна регистрација за  ДДВ-обврзник

-

Од годинава, со нова електронска платформа при регистрирање на фирма во Централниот регистар, ќе може да се изврши и доброволна регистрација за ДДВ обврзник. Ова го најави министерката за финансии Нина Ангеловска на настанот за одбележување на 18 години јубилеј на Централниот регистар и посочи дека ова ќе биде големо олеснување за фирмите, бидејќи преку е-платформата ќе можат да се завршат сите формалности за започнување бизнис.

-Преку електронската платформа на Централниот регистар ќе може да се регистрира фирма, да се регистрира вработувањето на првите вработени во Агенцијата за вработување и да се изврши регистрација за ДДВ обврзник – односно скоро се што е потребно за формално започнување бизнис. Како човек кој доаѓа од реалниот сектор, можам да кажам дека ова е исклучително олеснување за оние кои започнуваат бизнис – рече Ангеловска.

Внесувањето на податоците за доброволна регистрација за ДДВ цели, Централниот регистар ќе го врши електронски, преку поврзување на своите регистри со базите на податоци на УЈП, при што УЈП ќе го доставува бројот на ДДВ во рок од 90 минути од доставувањето на податоците од страна на Централниот регистар. Целокупната документација потребна за регистрирање на фирма се поднесува во електронска форма, потпишана со електронски потпис од овластени лица.

Ангеловска посочи дека дигитализацијата e начинот на кој институциите можат ова да го постигнат, како и дека Централниот во текот на годините голем дел од своите услуги ги направил  електронски.

„Така, ако порано требало да се носат хартии документација за да се регистрира фирма, денешните млади претприемачи тоа можат да го направат преку својот компјутер, додека времето изгубено по шалтери можат да го пренасочат на раст и развој на бизнисот,“ посочи Ангеловска.

Бројот на нови фирми секоја година се зголемува, во 2019 година има регистрирано над 6.200 нови фирми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...