Урдата, бебешките каши, наполитанките, цвеклото остануваат со ДДВ од 5 отсто

Како што соопшти Министерството за финансии, измените кои Владата ги усвои на денешната седница ќе се применуваат од 13 октомври, петок

-

Урдата, замрзнатото тесто, црвениот бибер и црвениот пипер, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви, наполитанките и вафлите, растителниот кашкавал, останатите одредени видови кашкавали, лутеницата и конзервираното цвекло и феферони, се производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто.

Таква одлука донела Владата на денешната седница, донесувајќи измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, а која беше усвоена на 28 септември 2023 година.

Како што соопшти Министерството за финансии, измените кои Владата ги усвои на денешната седница ќе се применуваат од 13 октомври, петок.

„Со оваа одлука воедно се овозможува поддршка на домашната економија, односно домашните компании кои произведуваат дел од овие производи, како и заштита на стандардот на граѓаните. Одлуката се донесе на седница на Владата на 28 септември и стапи во сила на 2 октомври кога започна со примена, но поради утврдените недоследности во примената кај дел од производите се укажа потреба од измена на Одлуката која беше направена во најкус можен рок“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Откако беше соопштена одлуката од 28 септември, во јавноста се појавија многу гневни реакции дека власта неоправдано предизвикува поскапување на многу производи од основната потрошувачка на храна.

Компирот и бананите во иста група со кавијарот: Проверете кои „луксузни“ производи поскапуваат

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...