fbpx

На Берлускони му е дијагностицирана леукемија, објавуваат странските медиуми

Се најавува дека неговиот личен лекар Алберто Зангриљо ќе одржи прес-конференција за да ја илустрира здравствената состојба на поранешниот италијански премиер

-

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му била дијагностицирана леукемија, изјавил за Ројтерс близок извор, еден ден откако поранешниот премиер бил примен на интензивна нега поради проблеми со дишењето.

Берлускони се наоѓа на кардиолошкиот оддел во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.

Се најавува дека неговиот личен лекар Алберто Зангриљо ќе одржи прес-конференција за да ја илустрира здравствената состојба на поранешниот италијански премиер. Италијанската новинска агенција „Анса“ објави дека ситуацијата со поранешниот италијанскиот премиер е сложена.

Берлускони имаше низа здравствени проблеми во последниве години. Со години имаше пејсмејкер, имаше операција на срцето во 2016 година и го победи ракот на простата. Во 2020 година прележа и ковид, а во април во 2021 година беше хоспитализиран повеќе од три недели поради последици од вирусот.

Партијата на Берлускони, „Форца Италија“ е дел од владината коалиција на премиерката Џорџа Мелони. Тој во четири мандати беше премиер на Италија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...