fbpx
Таг: леукемија

таг: леукемија

Соседите со факели, огномет и аплаузи ја пречекаа малата Ангелина која ја победи леукемијата

Пред неколку дена малата Ангелина заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје - прогласи крај на борбата со леукемијата, откако ја прими и последната хемотерапија. Вечерва, соседите од булеварот АСНОМ во населбата Ново Лисиче на малата Ангелина ѝ приредиле вистинско добредојде дома. Со факели и со огномет го дочекале борецот кој со месеци се лечеше на Детската клиника. Како што...

На Берлускони му е дијагностицирана леукемија, објавуваат странските медиуми

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му била дијагностицирана леукемија, изјавил за Ројтерс близок извор, еден ден откако поранешниот премиер бил примен на интензивна нега поради проблеми со дишењето. Берлускони се наоѓа на кардиолошкиот оддел во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Се најавува дека неговиот личен лекар Алберто Зангриљо ќе одржи прес-конференција за да ја илустрира здравствената состојба на поранешниот...

Таткото на Ева: Пред мене од ФЗОМ зборуваа со лекарот во Германија

Моето дете ништо не може да го врати. Јас собрав од донации 200.000 евра, но сега сè е залудно. Велам дека не е точно тоа што се кажува за обидот да ја лекуваме Ева во Германија, за „Независен“ вели Благојче Крстаноски, татко на 11-годишната Ева, која почина пред да замине во странство. - Не е важно дали државата ќе потроши...

Дончев: Болницата од Германија не испрати понуда за лечење на Ева

Вкупно три понуди од странски болници добил Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за лекување на малата Ева Крстановска, од кои две од турски болници и една од болница од Италија. Од болницата во Германија не стаса понуда и демантираме дека лекувањето во неа би чинело 200.000 евра, рече на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев. Тој изрази сочувство до семејството...

Почина славниот актер Љубиша Самарџиќ

Љубиша Самарџиќ, еден од најславните актери во Србија, но и во поранешна СФРЈ, починал во Белград во 81. година од животот, објавија утрово српските медиуми. Тој починал по едномесечно лечење од леукемија на одделот за хематологија во клиничкиот центар во Србија. Љубиша Самарџиќ во декември минатата година имаше тешка операција на тумор на мозокот. Неговото последно појавување во јавноста беше на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...