fbpx

Соседите со факели, огномет и аплаузи ја пречекаа малата Ангелина која ја победи леукемијата

Пред неколку дена малата Ангелина заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје - прогласи крај на борбата со леукемијата, откако ја прими и последната хемотерапија

-

Пред неколку дена малата Ангелина заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје – прогласи крај на борбата со леукемијата, откако ја прими и последната хемотерапија.

Вечерва, соседите од булеварот АСНОМ во населбата Ново Лисиче на малата Ангелина ѝ приредиле вистинско добредојде дома. Со факели и со огномет го дочекале борецот кој со месеци се лечеше на Детската клиника.

Како што пренесуваат нејзините соседи на Фејсбук, на едно од игралиштата во населбата биле запалени факели, имало огномет, а децата од соседството и соучениците на Ангелина ја пречекале со песни и со скандирање на нејзиното име.

На убавиот настан и на овој хуман гест присуствувале голем број деца, другарчиња и соседи со нивните родители, кои ѝ посакале на малата Ангелина најдобро здравје во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...