fbpx

Герасимовски пред ресорните министри ќе ја претстави иницијативата за пренамена на дивоградбите

Герасимовски најавува дека на широка дискусија ќе ги покани и скопските градоначалници бидејќи, според него, бесправно изградените објекти се проблем кој го црпи буџетот во секоја општина

-

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар пред ресорните министри за правда, Кренар Лога и транспорт и врски, Благој Бочварски ќе ја презентира иницијативата нелегалните објекти наместо да се рушат да се пренаменат во функција на општините.

Герасимовски побарал средби со Бочварски и Лога, бидејќи двете министерства со кои тие раководат, се предлагачи на двата закони во кои треба да се интервенира. Според Општина Центар, станува збор за Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка за кој како предлагач на законски измени е Министерството за правда и Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за кој како предлагач на законски измени е Министерството за транспорт и врски.

Герасимовски најавува дека на широка дискусија ќе ги покани и скопските градоначалници со цел заедничко дејствување за општините по конфискацијата на дивоградбите истите да ги пренаменат и да ги искористат за потребите на граѓаните, бидејќи, според него, бесправно изградените објекти се проблем кој го црпи буџетот во секоја општина.

„Според постоечкиот закон на нелегалните објекти со динамит им се рушат потпорните ѕидови по што останува грда слика на просторот. Такви дивоградби во општината има неколку. Колку за илустрација за една градба на Водно потребни се 5 милиони денари за уривање, но само онеспособување, а не целосно отстранување на нелегалниот објект. Затоа со оваа Иницијатива ќе се штеди буџетот на Општината но и ќе се добијат нови објекти кои може понатаму да бидат пренаменети за различни цели и намени од кои полза ќе имаат граѓаните“, изјави Герасимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...