fbpx

МЗ: Вчера се дадени 18.149 вакцини

-

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 495.967 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Во државата вкупно се дадени 847.336 дози вакцини, а ревакцинирани се 351.369 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Со последните бројки 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ земјава. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на целата земја, со ротации на медицински екипи во секое село и населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање „бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...