fbpx

Законот за користење на податоците од јавниот сектор ќе се усогласува со ЕУ Директивата за отворени податоци

-

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024).

Со цел обезбедување на навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес МИОА ги повикува сите заинтересирани страни да номинираат свои членови во работната група за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата (2019/1024).

За учество во работната група, потребно е заинтересираните страни да имаат искуство во областа. Номинираните учесници ќе можат да дадат свој придонес во подготовката на проценка на влијанието на спроведувањето на сегашниот Закон (ex-post evaluation), проценка на влијанието на новото законско решение (regulatory impact assessment) и подготовка на новиот предлог Закон. Во текот на спроведувањето на активностите ќе бидат организирани работилници и ќе се одржат интервјуа и средби со поединци и групи од интерес. Активностите ќе бидат спроведени во периодот август –декември 2021 година.

Сите заинтересирани страни треба на следнава електронска адреса: [email protected] да достават известување за номинација со име и презиме; звање и работно место; назив на организација; контакт телефон и електронска адреса на номинираното лице.

Рокот за номинација е 06.08.2021 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...