fbpx

Мицкоски за Велигденските празници ги почитувал препораките и карантинот и ја повикал и јавноста да го стори истото

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на последната прес-конференција даде изјава која е невистината, пишува Вистиномер.мк.

„Jас не ја поддржував ниту за време на големиот православен христијански празник кога беше карантинот, за време на Велигден. Не ја поддржувам ни сега. Ценам дека е премногу и ценам дека и тогаш, но и сега се потребни полиберални мерки, односно не е потребен ваков рестриктивен пристап, бидејќи не ја разбирам целта на овој рестриктивен пристап ако следниот ден немаме никакви мерки. Кога и понатаму би продолжиле со истиот пристап, тогаш да можеби би имал некакво разбирање, но ако вие воведете карантин 58 часа, а следниот ден заборавите дека воопшто постоел, тогаш не ја гледам исходноста на една таква постапка. Да бидам јасен и прецизен не ја поддржував ниту за Велигден ниту ни сега“, изјави Мицкоски.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – прес на Х. Мицкоски – датум: 22.05.2020]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција одржана 22.05.2020 година, во одговор на новинарско прашање дали го подржува предлогот за 58-часовен карантин за време на викендот, кога се совпаѓаа два поголеми верски празници Св. Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам, изјави:

Jас не ја поддржував ниту за време на големиот православен христијански празник кога беше  карантинот, за време на Велигден. Не ја поддржувам ни сега…  Да бидам јасен и прецизен не ја поддржував ниту за Велигден ниту ни сега“.

Оваа изјава на Мицкоски не е вистинита, a еве и зошто. Со детално пребарување по интернeт како и на веб страната на партија, не може да се најде директно спротивставување на Мицкоски или на ВМРО-ДПМНЕ дека за Велигденските празници биле против долгиот карантин од петок од 16 часот до вторникот во 5 часот, односно цели четири дена.

Меѓутоа, пребарувањето на интернет покажува дека Мицкоски многу јасно ги подржал таквите мерки на здравствено-државните власти и тоа во обраќање до јавноста:

„Овој Велигден е различен од оние Велигдени кои што јас ги паметам во животот, за жал. Поради оваа пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот ќе нема можност заедно со илјадници луѓе, православни христијани вечерта сабота спрема недела да го дочекам Христовото Воскресение пред некој од православните христијански храмови.
Но, тоа ќе го направам дома, во кругот на семејството, за да се заштитам себе, но, она што е поважно, да ги заштитам и другите. Самите ќе си ја потпевнуваме онаа строфа од Велигденската литургија, кога велиме дека Христос воскреснал од мртвите и со смрт смртта ја победи, а на оние во гробовите живот им даде.
Ајде сите ние заедно, почитувајќи ги препораките, да дадеме и да заштитиме што е можно повеќе човечки животи и овој Велигден да го прославиме во кругот на семејството, а Христовото Воскресение да го дочекаме заедно со нашите најблиски во нашите домови. Сигурен сум дека ќе успееме во тоа“, рече Мицкоски.

Овие зборови на Мицкоски, како што нагласува и самиот во видео обраќањето, се на Велики Четврток, ден пред да започне долгиот карантин, пишува Вистиномер.мк.

На Велигден, пак, има обраќање на потпретседателот на партијата Александар Николоски, кој, исто така, во честитката повикува да се остане дома, што е индиректен показател дека и тој и партијата немале против мерките и препораките на властите:

“Потребно е сите ние да дадеме свој придонес. Останувајќи дома во овој празничен ден, сите ние помагаме да се спречи ширењето на вирусот“, рече Николоски.

Согласно горе наведеното, нема јасни показатели дека Мицкоски бил против тогаш предложените мерки и препораки, туку напротив, повикал да се почитуваат. Дури и во изјавите на нивниот претставник во Владата, Наќе Чулев, нема такво противење, што би било некаков знак дека и Мицкоски бил против. Има такви назнаки, но дури по две недели, за првомајските празници, кога Чулев бил против долг карантин. Оттука, изјавата на Мицкоски дадена на 22.05.2020, може да се оцени како невистина.

Целиот текст прочитајте го на Вистиномер.мк

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...