петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: карантин | 73 резултати

Сиднеј го прекина карантинот по четири месеца: Граѓаните во редици чекаа за да влезат во паб и да се напијат пиво

11 октомври 2021

Австралискиот град Сиднеј го прекина карантинот по речиси четири месеци. Прославувајќи ја новата слобода локалните жители чекаа ред за пабови и продавници што се отворија на полноќ специјално за таа прилика, пренесе Би-Би-Си. Многу други уживаа во очекуваните средби и посети на домови на роднини и пријатели. Ковид рестрикциите забранија посети на домаќинствата и патување […]

Филипче: При патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани

31 август 2021

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека целосното нормализирање на животот и движењето на луѓето е можно само преку вакцинацијата против ковид-19. Тој потенцираше дека и во Европа и во Светот, вакцинираните може да одат на настани и во угостителски објекти а при патување за нив не е потребен карантин. „Само вакцинирани луѓе во […]

Владата одлучи: За сите настани во затворен простор само со вакцинален или сертификат за прележан ковид

18 август 2021

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи препораки за заштита на здравјето на населението од ковид- 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести. Донесена е одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, […]

Поради индискиот сој на корона вирусот, Германија од утре со рестрикции за патниците од Велика Британија

22 мај 2021

Луѓето што ќе допатуваат во Германија од Велика Британија од утре ќе мора да поминат 14 дена во карантин дури и ако имаат негативен тест за корона вирусот. Дополнително, транспортните компании во Германија ќе може да довезуваат само германски државјани. Причината за новите рестрикции е стравувањето од Индискиот сој на корона вирусот, а Германија ја […]

Полицискиот час од денеска наместо од 21 ќе започнува од 23 часот, а воведен е и двонеделен карантин за патниците од Бразил и Индија

4 мај 2021

Владата на 68. седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21 часот, ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 05 часот наредниот ден. „Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22.30 […]

Здравствените власти бараат задолжителен карантин за сите што ќе допатуваат од јужноафриканските земји

3 март 2021

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. „До овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот. Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на […]

Чешка забрани влез на странци во земјата, во Франција од утре не можат да влезат сите лица надвор од ЕУ

30 јануари 2021

Под налетот на британската, јужноафриканската и бразилската мутација на корона вирусот, расте бројот на земји во светот што воведуваат нови рестрикции за патувања. Чешка од денеска го забрани влезот за странци на нејзина територија кои не доаѓаат во земјата поради неопходни причини. Од 30 јануари, влез во Чешка е дозволен само за оние странци што […]

Филипче: Мерките беа добро димензионирани, имаме пад на новите случаи

17 јануари 2021

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното интервју за телевизија Сител рече дека мерките за борба против ширењето на ковид-19 биле добро димензионирани и дале резултат, односно во земјата има значаен пад на новодијагностицирани случаи и значајно намален број на хоспитализации. Тој рече и дека во земјава се веќе пристигнати два од петте фрижидери […]

Филипче: Матичните лекари ќе помагаат во болницата во Прилеп, засега нема потреба од нови мерки

28 ноември 2020

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на Прилеп, каде со градоначалникот Илија Јованоски разговараа за актуелната епидемиолошка состојба во градот. Тој посочи дека во Прилеп нема потреба да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки, бидејќи вака како што се димензионирани мерките давале резултат. „Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше состојбата […]

Градоначалникот на Општина Прилеп, Јованоски бара карантин за градот поради состојбата со ковид-19

25 ноември 2020

Секојдневниот број на новозаболени и просечно по тројца починати заболени од ковид-19 за градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски е причината што тој бара од централниот Кризен штаб да прогласи карантин во градот. „Сметам дека карантин е неопходен за Прилеп. Состојбата е загрижувачка и не смееме да дозволиме да излезе надвор од контрола. Само вчера починаа […]

МЗ: Има доволен број на кревети во болниците, состојбата се менува од час во час

5 ноември 2020

Во овој момент не сме дојдени дотаму да мора комплетно да ги затвориме угостителските објекти, продавниците, трговските центри, но како што се одвиваат работите, и нам истото не ни бега, вели за Мета д-р Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје коментирајќи ги најавите за карантин во некои од соседните земји. Ваквите коментари доаѓаат откако […]

Почна да се полни монтажната болница до Инфективна, ако продолжи вака следува карантин

20 октомври 2020

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вечерва во вестите на Канал 5 телевизија информираше за состојбата со болничките капацитети и изјави дека од денеска се сместени пациенти во модуларната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. – Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети […]

Стојанов: Со вакви бројки на новозаразени сè е во игра, можно е повторно да се воведе карантин

15 октомври 2020

Рестриктивните мерки кои ги воведовме на почетокот на епидемијата во март, можно е пак да бидат воведени, вели за „Мета.мк“ директорот на Центарот за јавно здравје, епидемиологот д-р Александар Стојанов. Ваквото сценарио би било резултат на високиот број на новозаразени лица на кое сведочиме изминатиов период. – Можни се пак карантини и полициски часови. Ако […]

Берлин ќе ги затвори баровите и рестораните по 23 часот, a луѓето на отворено ќе може да се групираат до пет лица

8 октомври 2020

Поради зголемување на бројот на заразени со ковид-19, Берлин ќе воведе рестрикции во однос на работењето на пабовите и рестораните. Во градот кој е познат по своите 24 часовни барови, официјалното време на затворање се наметнува од 23 до 6 часот наутро, а исто така ќе има и ограничувања за продажба на алкохол. Освен овие […]

Вујошевиќ: Уметноста мора да влијае и бутка во акција, а пандемијата не е изговор за пасивност на театарот

15 септември 2020

„Разговори за театарот во време на пандемија“ е еден обид да се сублимираат сите состојби на умот и душата на уметникот и професорот во едно кризно време, вели Слаѓана Вујошевиќ, актерката која во текот на пандемијата успеа да реализира преку 30 разговори со своите колеги актери, режисери и професори и заедно со нив да дискутира […]

За четири дена пријавени два случаи на вработени позитивни на ковид-19 во градинките

12 септември 2020

Министерството за труд и социјална политика известува дека од почетокот на отворањето на градинките на 9.09.2020 година, пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на ковид-19 во две јавни установи за згрижување на деца – детски градинки. „Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при ЈОУДГ Мајски Цвет , Битола, каде од […]

Ковид-19 привремено ги прати дома административците од две општини во Источна Македонија

11 септември 2020

Од 14 септември (понеделник) по десетдневна пауза на работа се враќаат сите административци во Општина Македонска Каменица, кои од 3 септември работеа од дома поради тоа што нивен колега е позитивен на ковид-19. Откако беше потврден случајот, а неколку други вработени беа суспектни, зградата на општината беше затворена. Граѓаните со соопштение беа информирани за новиот […]

Од март досега реализирани 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните

14 август 2020

Започнувајќи од март месец годинава, реализирани се околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со ковид-19, информираат од ЈЗУ Клиника за психијатрија. „Првата телефонска линија за психолошка поддршка која беше отворена на 15 март 2020 година за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и […]

Швајцарија воведе двонеделен карантин за патниците од Западен Балкан

23 јули 2020

За патниците кои пристигнуваат во Швајцарија од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово од денеска е воведен задолжителен двонеделен карантин. Албанија е единствената земја од Западен Балкан што не се најде на ажурираната листа на швајцарскиот Завод за јавно здравје, на која во моментов се наоѓаат 16 земји од целиот свет. […]

Денеска гласаат болните од ковид-19 и лицата во самоизолација

13 јули 2020

Болните од ковид-19 и граѓаните што се наоѓаат во самоизолација денеска ќе можат да го остварат правото на глас на предвремените парламентарни избори. Денешното гласање ќе се одвива на ист начин како што гласаат болните и немоќни лица, односно избирачките одбори ќе ги посетат домовите на лицата во карантин и самоизолација. Право на глас имаат […]

Страна 1 од 4