Фото: Архива, Фејсбук страна, Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека целосното нормализирање на животот и движењето на луѓето е можно само преку вакцинацијата против ковид-19. Тој потенцираше дека и во Европа и во Светот, вакцинираните може да одат на настани и во угостителски објекти а при патување за нив не е потребен карантин.

„Само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот“, рече Филипче додавајќи дека во тој поглед властите се подготвени за нормализација на животот.

„Интензивната работа на тимот кој работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени,“ додаде тој.

Според Филипче, главната цел во овој момент е да се постигне колективен имунитет кој ќе овозможи што поскоро, нашите животи да се вратат во нормала.