fbpx

Сиднеј го прекина карантинот по четири месеца: Граѓаните во редици чекаа за да влезат во паб и да се напијат пиво

-

Австралискиот град Сиднеј го прекина карантинот по речиси четири месеци. Прославувајќи ја новата слобода локалните жители чекаа ред за пабови и продавници што се отворија на полноќ специјално за таа прилика, пренесе Би-Би-Си.

Многу други уживаа во очекуваните средби и посети на домови на роднини и пријатели.

Ковид рестрикциите забранија посети на домаќинствата и патување подалеку од зона од 5 километри (3,1 милји), одвојувајќи многу семејства.

Но, повеќето ограничувања сега се олеснети за вакцинираните. Луѓето сега можат да јадат заедно во повторно отворените кафулиња и ресторани и да посетуваат спортски сали, библиотеки и базени. Долги редици за бербери и салони за убавина.

Според новите правила дозволени се и собирања до 10 луѓе, а дозволени се и свадби и погреби со најмногу 100 луѓе. Сепак, невакцинираните граѓани мора да останат дома до 1 декември.

Државата сè уште нема наметнато систем за проверка на статусот на вакцинација, оставајќи го на индивидуалните бизниси.

Австралија се обидува да достигне стапка на вакцинација од 80 отсто до крајот на октомври, кога ограничувањата дополнително ќе се олеснат.

Карантинот во Сиднеј започна кон крајот на јуни, откако започна појавата на варијанта Делта, што доведе до над 50,000 инфекции и 439 смртни случаи досега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...