Поради индискиот сој на корона вирусот, Германија од утре со рестрикции за патниците од Велика Британија

Photo by Issy Bailey on Unsplash

Луѓето што ќе допатуваат во Германија од Велика Британија од утре ќе мора да поминат 14 дена во карантин дури и ако имаат негативен тест за корона вирусот. Дополнително, транспортните компании во Германија ќе може да довезуваат само германски државјани.

Причината за новите рестрикции е стравувањето од Индискиот сој на корона вирусот, а Германија ја прогласи Велика Британија за земја со највисок ризик, по препораки на Институтот „Роберт Кох“.

„Оваа варијанта изгледа поагресивна и од британската мутација. Тоа значи дека мора да бидеме внимателни“, рече германската канцеларка Ангела Меркел вчера на Светскиот здравствен самит на Г-20.