fbpx

Македонија напредува во ставањето крај на бездржавјанството

Предизвикот на оваа категорија на лица е нотиран во 2011 година. Ако од 2011 започнеше да се решава овој проблем и досега ќе беше решен и немаше да зборуваме за неевидентирани лица во нашата држава, рече Тренчевска

-

Северна Македонија напредува во напорите да стави крај на бездржавјанството, беше кажано на регионалната работилница организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНХЦР.

„Северна Македонија стана лидер во регионот, како и на глобално ниво, со тоа што стана национален приоритет да се стави крај на бездржавјанството до крајот на 2023 година“, рече амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Министерот за правда Кренар Ллога истакна дека Северна Македонија е првата земја во Европа, како и втората земја во светот, која успешно го решила проблемот со нерегистрираните лица. Тој очекува до крајот на 2023 година овие луѓе да добијат идентитет и конечно да можат да ги остварат своите уставно загарантирани човекови права.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска истакна дека немањето основна лична документација е проблем со кој најчесто се соочуваат припадниците на социјално ранливите групи. Таа додаде дека Северна Македонија развива општество во кое граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат, се чувствуваат безбедно и имаат еднакви можности за личен развој и напредок.

„Подготовката на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да помогне на оваа категорија на граѓани кои не можат да ги остварат човековите права поради не поседување на документи. Предизвикот на оваа категорија на лица е нотиран во 2011 година. Ако од 2011 започнеше да се решава овој проблем и досега ќе беше решен и немаше да зборуваме за неевидентирани лица во нашата држава“ рече Тренчевска.

УНХЦР го поздравува големиот напредок постигнат од Северна Македонија за справување со бездржавјанството и се надева дека со усогласената имплементација на најновите измени на Законот за матичните книги усвоени од Собранието во јуни и напорната работа на вработените во Управата за водење на матични книги, сите оние на кои им недостасува извод од матична книга на родените и оние кои моментално се привремено регистрирани ќе ги уживаат своите права како горди граѓани на земјата.

Целта на серијата регионални работилници организирани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНХЦР ширум земјата е да се обучи административниот персонал за практична примена на новоусвоените измени и дополнувања на Законот за матичните книги во врска со задоцнетата регистрација на нерегистрирани лица во Северна Македонија.

Тренчевска истакна дека со измените на Законот за матична евиденција ќе се пристапи кон решавање на деценискиот предизвик на Лицата неевидентирани во Матичната книга на родени и ќе им се овозможат  еднакви права како и на останатите граѓани на Република Северна Македонија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...