Нема докази за поврзаноста на атразинот со родовата дисфорија

Image by zefe wu from Pixabay

Родова дисфорија е психолошка вознемиреност што е резултат на неусогласеност помеѓу полот на раѓање на една личност и родовиот идентитет. Хемикалијата навистина е тестирана само на животни и покажала други последици кои што не се поврзани со промените во родовиот идентитет, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук заедно со колаж од фотографии на Бил Гејтс го тврди следното:

Американската политичарка Тулси Габард како и Роберт Ф. Кенеди Џуниор ја предупредуваат јавноста дека хемикалијата Атразин, која се прска врз посевите во САД, предизвикува ЕПИДЕМИЈА НА ПОЛОВА ДИСФОРИЈА која ја зафати Америка.

Точно е дека Тулси Габард и Роберт Ф. Кенеди Џуниор ја имаат предупредено јавноста околу последиците од Атразинот, но научните истражувања, поточно едно, говори за утврдени промени, но кај жаби, а не кај луѓе, зашто такво не е спроведено.

 

Што е родова дисфорија?

Родова дисфорија е психолошка вознемиреност што е предизвикана од резултат на неусогласеност помеѓу полот на една личност и нејзиниот родовиот идентитет.

Точната причина зошто одредени личности имаат родова дисфорија не е јасна. Развојот на полот е сложен и сè уште има работи кои не се познати или целосно разбрани – се наведува во дефиницијата за родова дисфорија на сајтот на Националниот систем за здравство на Велика Британија

Што е атразин?

Во кратки црти: Атразин е хербицид, хемикалија која уништува треви и други штетни растенија на фармите. Таа е најчесто употребувана во САД, а како што се наведува точно во постот таа е забранета во ЕУ.

Во 2004 година ЕУ го забранува хербицидот, кога Европската Унија откри дека неговата употреба придонесува за зголемување на нивоата на подземните води надвор од границите поставени од регулаторите, а Syngenta, компанијата што го произведува хербицидот не можеше да докаже дека тоа може да се спречи, ниту дека ваквите нивоа на водите се безбедни.

Повеќе информации може да се прочитате статијата на Википедија, зад која стојат бројни достапни извори од истражувања или оценки на национални и меѓународни институциии организации, вклучувајќи ги и Светската здравствена организација и Организацијата за храна и земјоделство при ООН, кои ги испитувале токсичноста на Атразинот врз цицачите и утврдиле дека тој не е токсичен. Студијата е објавена во 2011 година.

Но, главното тврдење во постот е опасноста од родова дисфорија преку промена на хормоналниот статус на личноста.

Атразин е исклучително опасен, бидејќи може да го промени хормоналниот профил на една личност.

Ова не е точно, односно не може да се докаже, ниту да се потврди, едноставно затоа што нема такво истражување.

Како што покажува и детална проверка на фактите од страна на Politifact сите досегашни истражувања за влијанието на Атразинот кај луѓето покажале дека тој има врска со:

Има истражувања кои сугерираат и дека атразинот има линк со следните состојби:

Значи, точно е дека  атразинот може да предизвика проблеми со здравјето, но ниту едно истражување или студија за влијанието врз луѓето не покажала врска помеѓу атразинот и родовиот индентитет на одредена личност или нивната сексуалност.

Точно е и тврдењето на Роберт Ф. Кенеди Џуниор во врска со ефектите на Атразинот и жабите, но и тоа не е целосно точна констатација.

При интервју на Politifact со Tyrone B. Hayes, Професор на универзитетот на Калифорнија кој работи во оделот за интегративна биологија во Беркли, тој тврди дека нема податоци за да се направи врска со луѓето и дека ставовите се шпекулација.

Професорот Hayes изјави дека водоземците и рибите „имаат релативно пропустлива кожа“. Во помали дози, тие може да примат повеќе од соединието. Во Америка најголем дел од луѓето што се изложени на атразинот се преку водата за пиење, а изложеност преку кожата и белите дробови е почесто во индустријата.

Кога луѓето се изложени на атразин, тие може многу полесно да го исфилтрираат преку нивната урина. Жабите, пак, живеат во водата во која уринираат и не се во можност да ги избегнат долгорочните ефекти.

Професорот за Politifact исто има посочено студии спроведени на цицачи и глувци, кои го истражувале ефектот на атразинот и кои предизвикале загриженост кај истражувачите во врска со нивниот намален тестостерон и генитални абнормалности. Ниското ниво на тестостерон може да предизвика здравствени проблеми како: намален сексуален нагон, замор, зголемени телесни масти и депресија, но експертите велат дека нема врска со родова дисфорија и дали одредена личност е трансродова, пишува во статијата на овој факт-чекер.

Тврдењето дека хормоналниот профил на една личност може да биде променет е невистинит.

Најголемиот производител на Atrazine од најкористените хербициди во САД е Syngenta, која е партнер со фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, од која добива значителни финансиски средства.

На веб страница на фондацијата стои следното за нивните главни цели.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс цели да им помогне на сите луѓе да водат здрав, продуктивни животи. Во државите во развој, се фокусира на подобрување на здравјето на луѓето, вклучувајќи и давање шанса да се издигнат над гладта и сиромаштијата.

Точно е дека Syngenta, во ноември 2016 година има добиено грант, но грантот нема никаква поврзаност со атразин. Грантот е за во регионот на Африка со цел подобрување на земјоделството. Тој е доделен за „развивање на врвно парче семе од маниока.“

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.