fbpx

Курц: Без ЕУ перспективи, БиХ и Косово може да се свртат кон радикалниот ислам

-

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц изјави дека на земјите од Западен Балкан не смее да им се блокираа ЕУ перспективите затоа што без нив постои опасност некои од нив, како што се БиХ и Косово, да се оттргнат од Европа и се свртат кон радикалните исламистички групации и сред Европа да имаме такви групации.

– Тоа е непосредна безбедносна закана за нас како соседи. Поради тоа е потребно не само европската перспектива, туку јасно делување против тоа – рече Кирц и истакна дека е неопходно да се соработува со земјите од регионот во борбата против Исламска држава и радикализацијата.

Говорејќи за бегалците од Блискиот исток, Курц повторни дека не е изненаден од одлуката на Унгарија да подигне ограда бидејќи во ЕУ не постои единствен пристап за проблемот.

– Затоа државите се принудени самостојно да преземаат мерки – рече Курц.

Тој смета дека проблемот во ЕУ со пристапот кон мигрантската криза е тоа што не сите држави се погодени од бранот азиланти и затоа не постои доволна свест за овој голем предизвик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...