fbpx

Унгарија ќе испрати 2.000 полицајци на српска граница

-

Поради рекордниот број на бегалци кои влегуваат во земјата, Унгарија денес најави дека на границата со Србија ќе испрати повеќе од 2.000 полицајци.

Српско-унгарската граница во вторникот ја преминале 2.533 бегалци и тоа е најголем број на мигранти кои во еден ден влегле во Унгарија од Србија од почетокот на годината, соопшти унгарската полиција.

– Заштитата на границата од 5 септември ќе биде зајакната со уште 2.106 полицајци. Тие ќе патролираат долж границата заедно со 1.000 полицајци кои веќе се таму – изјави шефот на унгарската полиција, Каролј Пап.

Претходно портпаролот на владата, Золтан Ковач, изјави дека Будимпешта ја разгледува можноста и војската да биде ангажирана за да се обезбеди јужната граница. Тој додал дека секоја одлука за ангажирање на војската мора да биде заснована на одлука на парламентот кој ќе го разгледува ова прашање следната недела.

Унгарската полиција денес употреби солзавец на група од околу 200 мигранти кои се обиделе да го напуштат прифатниот центар за бегалци кој се наоѓа во близина на српската граница.

Унгарските војници на 3 август започнаа со градење на ограда на границата со Србија која би требала да биде готова до 31 август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...