Куриер нема насловна страница на која е прикажан Зеленски како краде велигденски јајца

Лажната страница со Зеленски ја објавија на 5-6 април руските пропагандни медиуми (Ukraina.ru , news-kiev.ru, zmaps.ru ), како дел од руската пропаганда насочена против Западот и Украина.

-

Ваква насловна страница не може да се најде на ниту еден број од францускиот неделник. Куриер има издание од 6 април со серискиот број како на лажната насловна страница со Зеленски  (N°1692), но со различен дизајн. Како што објаснува Courrier International за насловната страница од 6 април изборот на уредниците бил направен во корист на Индија, која е најнаселена земја и станала атрактивна дестинација за западните инвеститори. Лажната страница со Зеленски ја објавија на 5-6 април руските пропагандни медиуми (Ukraina.ru , news-kiev.ru, zmaps.ru ), како дел од руската пропаганда насочена против Западот и Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој споделува наводно насловна страница на француски „Куриер“ од 6 април, на која преку карикатура е прикажан украинскиот претседател Володомир Зеленски, како краде велигденски јајца и бега.

Велигденски извештај од западот, стои во постот кој го анализираме.

Ваква насловна страница не може да се најде на ниту еден број од францускиот неделник. Насловните страници може да се погледнат тука.

„Куриер“ има издание од 6 април со серискиот број како на лажната насловна страница со Зеленски  (N°1692), но со различен дизајн.

Како што објаснува Courrier International за насловната страница од 6 април изборот на уредниците бил направен во корист на Индија, која е најнаселена земја и станала атрактивна дестинација за западните инвеститори. На насловната страница се прикажани млади луѓе од Индија, што е сигнал дека Индија треба да се трансформира и да им понуди на младите перспектива, да им обезбеди работа.

Треба да се напомене дека корицата на дизајнот со Зеленски како краде велигденски  јајца, не може да се најде ниту во старите изданија на „Куриер“, вклучувајќи ги и специјалните изданија.

Лажната страница со Зеленски ја објавија на 5-6 април руските пропагандни медиуми (Ukraina.ru , news-kiev.ru, zmaps.ru ), како дел од руската пропаганда насочена против Западот и Украина.

Според тоа, може да заклучиме дека постот кој го рецензираме е невистинит.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...