fbpx

Украина тврди дека ја контролира клучната рута за снабдување во Бахмут

„Патот на животот“ кој е долг нешто повеќе од 17 км е витален пат помеѓу разурнатиот Бахмут и блискиот град Часив Јар на запад

-

Украина продолжува да го контролира клучниот пат за снабдување во Бахмут, изјави во саботата воен портпарол, додека шефот на руската платеничка група Вагнер се закани дека ќе повлече дел од неговите војници од источниот град доколку Москва не испрати повеќе муниција, пренесе Ројтерс.

Руските сили се обидуваат 10 месеци да се пробијат низ остатоците на некогашниот град со 70.000 жители. Кијив вети дека ќе го брани Бахмут, кој Русија го гледа како отскочна даска за напад на други градови.

„Веќе неколку недели, Русите зборуваа за заземање на „патот на животот“, како и за постојана контрола на огнот над него“, рече Серхи Черевати, портпарол на украинските војници на истокот, во интервју за локалната веб-страница за вести. Џеркало Тижнија.

Тој додаде дека таму е навистина тешко, но одбранбените сили не им дозволија на Русите да ја „пресечат“ украинската логистика.

„Патот на животот“ кој е долг нешто повеќе од 17 км е витален пат помеѓу разурнатиот Бахмут и блискиот град Часив Јар на запад.

Највисоката воена команда на Украина во своето дневно ажурирање денес соопшти дека нејзините сили одбиле 58 руски напади во текот на изминатиот ден долж делот од фронтот што се протега од Бахмут преку Авдиивка и до Маријнка појужно во регионот на Доњецк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...