fbpx

Ксидакис: Односите меѓу Скопје и Атина постојано се подобруваат

-

Никос Ксидакис, заменик-шеф на грчката дипломатија, смета дека климата меѓу Македонија и Грција постојано се подобрува, особено поради мерките за градење доверба. Во интервју за првата програма на грчкото државно радио, ден по посетата на министерот за надворешни работи, Никoс Коѕиас, на Скопје, Ксидакис говореше оптимистички и позитивно за односите меѓу двете држави и за можноста за надминување на проблемите.

„Сметам дека проблемот меѓу Атина и Скопје е проблем на меѓусебно разбирање. Постојат мали празнини и кога тие ќе се исполнат, ќе се зголеми меѓусебното разбирање и ќе се приближиме до решавање на проблемот,“ истакна Ксидакис.

Тој смета дека е време да се стопи мразот меѓу двете страни, посочувајќи дека, во суштина, меѓу Атина и Скопје постојат мали недоразбирања, кои треба да се надминат за да се најде заеднички прифатливо решение.

Во однос на приемот на Македонија во Европската Унија, Ксидакис забележа дека како и другите земји кандидати, така и нашата држава ќе мора да го изоди долгиот пат за исполнување на претпристапните преговори.

Тој истакна дека Грција ќе продолжи да ја поддржува и да ја помага европската перспектива на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...