Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната 29. седница, ја усвои методологијата за надзор на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори.
Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, информирал дека не се прифатило барањето да се надгледува работата на интернет-порталите, бидејќи за тоа е потребно да се направат законски измени.
Според усвоената методологија за надзор, во времето што медиумите го посветуваат на власта, ќе влегува и времето што во вестите и во информативните емисии ќе се посветува на активностите на државните функционери.