fbpx

Коалиција „Маргини“: Бараме јавно извинување од поглаварот Реџепи за „гејците“

-

По вчерашната изјава на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи дека немало место за „гејови“ во ИВЗ, од коалицијата „Маргини“ остро ја осудуваат дадената хомофобична изјава.
Невладиниот сектор што се бори против хомофобијата и трансфобијата бара од поглаварот Реџепи да им се извини на геј – луѓето и во иднина да се воздржи од вознемирување по која било дискриминаторска основа.
„Ја повикуваме и Исламската верска заедница, преку своите органи на надзор, да поведе постапка за утврдување на одговорност на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, за сторената дискриминација по основ на сексуална ориентација“, се вели во реакцијата.

Од Мрежата за заштита од дискриминација и од Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата упатуваат остра осуда кон изјавата на Сулејман Реџепи. Тие потсетуваат дека со неговите зборови се нарушува правото на остварување на слобода на религија и вероисповест како основно човеково право, изрично гарантирано во членот 19 од Уставот на Република Северна Македонија.

„Со оглед на тоа што изјавата е јавно искажана, таа носи штетни последици за геј – луѓето кои и онака се наоѓаат на маргините во нашето општество и секојдневно се соочуваат со исклучувања во речиси сите аспекти на живеењето. Верското убедување на Сулејман Реџепи не го ослободува од обврските што тој како граѓанин ги има според Уставот“, се наведува во соопштението.

Од невладиниот сектор потсетуваат дека во повеќето религии може да се најдат текстови и вредности кои повикуваат на еднаквост и емпатија, но поглаварите на овдешните верски заедници одбираат да ја толкуваат религијата како барање за прекршување на правата на ЛГБТИ луѓето. Според нив, ова претставува религиски фундаментализам и за него нема простор во демократско општество.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...