понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Мрежа за заштита од дискриминација | 17 резултати

Мрежата за заштита од дискриминација oстро реагира на изјавите на премиерот Мицковски

јули 4, 2025

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, Претседателот на Владата Христијан Мицковски изјави дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица. Таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода, […]

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација бараат Давкова да не ги потпише измените во образованието

април 5, 2025

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација упатија јавен повик до Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, да не ги потпише Указите за измените на Законот за основно образование и Законот за учебници, кои според нив претставуваат закани за правата, безбедноста и здравјето на младите во државата. Во отворено писмо, организациите ја потсетуваат […]

Реакции и осуда на повикот за протест на МПЦ

јуни 28, 2023

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација остро го осудија повикот за протест на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) закажан за 29 јуни, за кој велат дека има единствена цел да изврши јавен притисок кон повлекување од собраниска процедура на предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција. Здружените невладини организации велат оти […]

Жените – земјоделки на чекор до платено породилно отсуство

мај 10, 2023

Собранието денеска ја изгласа потребата од донесување на Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки, информираа од Мрежата за заштита од дискриминација. „Сите присутни пратеници гласаа ЗА, со што сметаме дека Предлогот на законот успешно ќе ја помине законодавната постапка и […]

Се бара Собранието итно да избере членови на Комисијата за заштита од дискриминација

април 6, 2023

Собранието итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за да ги пополни позициите кои долго време се празни, поради што институцијата работи со недоволно капацитети, бара Мрежата за заштита од дискриминација. Оттаму велат дека собраниската Комисија за избор и менување веќе доцни и дека […]

Потребно е системско решение за платено породилно отсуство за жените-земјоделки

декември 12, 2022

На денешната промоција на публикацијата “Индивидуалните земјоделци и нивните права – Имаат ли право на платено породилно отсуство“, преставничките на ЛАГ Агро Лидер, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Мрежата за заштита од дискриминација побараа системско решение за платено породилно отсуство за жените-земјоделки. Тие барањето го упатија до Собранието на РСМ, Министерството за здравство, Министретвото за […]

Мрежата за заштита од дискриминација бара инкриминација на сексуалното вознемирување онлајн

декември 3, 2022

Мрежата за заштита од дискриминација одржа промоција на документот за јавни политики со фокус на силување и сексуално вознемирување „Како до ефикасна заштита во случаите на сексуално насилство?“. Настанот се организираше во рамки на обележувањето на меѓународната кампања 16 дена активизам против родово-засновано насилство, информираат од Мрежата. Неговата цел беше да промовира предлог-решенија за ефикасна […]

Невладините бараат поголем буџет за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

ноември 19, 2021

Мрежата за заштита од дискриминација бара зголемување на Предлог-буџетот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2022 година, со што ќе се обезбеди нејзина функционална независност и непречено и сеопфатно функционирање, со цел грижа за маргинализираните граѓани. Тие велат дека во предложениот државен буџет за догодина е испланиран речиси истиот буџет на Комисијата […]

Пандемијата го актуелизира социјалниот и правниот ризик на маргинализираните групи

јуни 11, 2021

Ковид кризата е исклучителен предизвик и за почитувањето и заштитата на човековите права, особено на маргинализираните групи, кои и надвор од кризата се изложени на несоодветна и ефикасна заштита. Тие во услови на вондредна состојба се изложени на дополнителен економски, правен и социјалне ризик, поради што е неопходно да се подобри комуникацијата на вработените во […]

Партиите потпишаа Декларација за приоритетно донесување на Законот за недискриминација

јули 12, 2020

Седумнаесет политички партии ја потпишаа Декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) која им беше доставена од страна на девет мрежи на здруженија на граѓани, кои заедно бројат повеќе од 100 здуженија. Со барањето доставено до сите политички партии кои учествуваат на предвремените парламентарни избори, Мрежата за заштита од […]

Коалиција „Маргини“: Стоп за дискриминацијата и вознемирувањето на лицата позитивни на Ковид-19

април 10, 2020

Мрежата за заштита од дискриминација апелира и бара од Владата и надлежните институции да преземат мерки за спречување на вознемирувањето и прекршувањето на човековите права на луѓето позитивни на Ковид-19 и на луѓето кај кои постои сомневање дека се позитивни на вирусот. „Во изминатиот период се појавија голем број на написи на медиумите, воглавно на интернет-порталите, […]

Коалиција „Маргини“: Бараме јавно извинување од поглаварот Реџепи за „гејците“

октомври 4, 2019

По вчерашната изјава на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи дека немало место за „гејови“ во ИВЗ, од коалицијата „Маргини“ остро ја осудуваат дадената хомофобична изјава. Невладиниот сектор што се бори против хомофобијата и трансфобијата бара од поглаварот Реџепи да им се извини на геј – луѓето и во иднина да се воздржи […]

МЗД: Антидискриминациска со Груeвски покажа непрофесионалност и селективност

ноември 21, 2018

Целосно е доведена во прашање кредибилноста за вршењето на мандатот на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД), со нејзиното селективно и непрофесионално работење, порача Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД). Реакцијата се однесува на мислењето на Комисијата со кое се утврди дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска преку непочитување […]

Страна 1 од 1