fbpx

Кинеските власти велат дека е невозможно да се следи ширењето на ковид инфекциите

-

Ширењето на ковид-19 во Кина сега е „невозможно“ да се следи, соопштија здравствените власти во земјата, воедно информирајќи дека престанале да евидентираат асимптоматски случаи во нивните дневни извештаи. Kaко што објави Гардијан, ковид-19 брзо се шири кај населението заради ненадејното отстранување на строгите мерки во време на пандемија. Здравствените власти во земјата апелираа луѓето да не бараат итна здравствена заштита, освен ако тоа не е неопходно.

Кинеската влада минатата недела ја прекина строгата и долготрајна политика за нулта ковид, а престанаа да важат и мерките, вклучително и ограничувањата за патувања и локдаун. Кинеските власти исто така прекинаа и масовно да тестираат, а нема ниту задолжително редовно тестирање, нешто што беше основа на здравствените политики на земјата.

Неодамна, националната здравствена комисија објави дека повеќе нема да пријавува асимптоматски случаи.

„Многу асимптоматски пациенти повеќе не учествуваат во тестирањето на нуклеинската киселина. Невозможно е да се ореди вистинскиот број на асимптоматски инфекции“, рекоа во агенцијата.

Комисијата официјално пријавила само 2.291 симптоматски случај во Кина во вторникот, што е спротивно на извештаите на здравствените служби за неконтролираното ширење на инфекции, посебно во главниот град Пекинг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат...