петок, 4 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: Пекинг | 21 резултати

Сите олимписки објекти на игрите во Пекинг се напојуваат со енергија од обновливи извори

февруари 6, 2022

Сите олимписки објекти, во кои се одржуваат натпреварите на Олимписките игри во Пекинг, за прв пат во историјата на зимските и на летните игри, ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија. Пекинг, во текот на подготовките на Игрите, промовираше визија „зелени, инклузивни, отворени и чисти“ игри, и најави дека ги интегрира принципите на одржливост […]

ФБИ ги предупреди атлетичарите да не ги носат своите телефони на Олимпијадата во Пекинг

февруари 2, 2022

Спортистите и посетителите кои се упатуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг да ги остават своите телефони дома и наместо тоа, да користат „привремени“ телефони, препорача Федералното истражно биро (ФБИ) во САД, пренесува „Би-би-си“. Препораката од ФБИ доаѓа после предупредувањата дека кибер-напади можат да ги нарушат настаните за време на одржувањето на Зимските олимписки игри. […]

Во пожар во Кина 19 мртви и осум повредени лица

ноември 19, 2017

Во пожар што изби во текот на ноќта во една станбена зграда во јужниот дел на Пекинг, 19 лица загинаа, а осум се повредени, соопштија кинеските власти. Пожарот избил во квартот Дасинг и засега не се знае причината. Агенцијата „Синхуа“ објави дека полицијата привела неколку осомничени. Локалните медиуми пренесуваат дека 14 пожарникарски екипи го гаселе пожарот […]

ССК потпиша договор за соработка со стопанската комора на Пекинг

септември 15, 2017

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) потпиша договор за зајакнување на трговската и на економска соработка со Стопанската комора на Пекинг. ССК исто така потпиша декларација за воспоставување механизми на лидерите на носечките комори на земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во процесот 16 + 1 кој има цел да ја зголеми соработка […]

Поради смогот во Пекинг, затворени автопатите и откажани десетици летови

јануари 2, 2017

Пекинг и други градови во Северна и во Централна Кина ги покри густ смог поради што властите откажаа десетици летови и ги затворија автопатите. Бирото за заштита на животната средина во Пекинг го продолжи портокаловото предупредување за зголемено загадување на воздухот уште три дена, иако се очекуваше смогот да се намали до денеска. Портокаловото предупредување […]

Пекинг прогласи црвена тревога поради смогот

декември 15, 2016

Градските власти на Пекинг денеска објавија црвено предупредување од 17 до 21 декември поради високото ниво на загадување на воздухот, соопштија од бирото за заштита на човековата средина. Во соопштението се укажува на прогнозата на кинескиот центар за еколошки надзор, во која се предупредува дека концентрацијата на смог ќе биде зголемена во Пекинг и во […]

Пекинг е нова претстолнина на милијардерите

февруари 24, 2016

Њујорк повеќе не е претстолнина на милијардерите, бидејќи таа „титула“ ја презеде Пекинг. Во главниот град на Кина сега живеат 100, а во Њујорк 95 милијардери покажуваат податоците на компанијата „Хурун“ од Шангај, која ја објавува годишната листа. Пекинг минатата година доби нови 32 милијардери, а Њујорк само четворица. Москва е на трето место на […]

Пекинг се задушува во смог, издадено предупредување од највисоко ниво

ноември 29, 2015

Властите на главниот град на Кина, Пекинг, денеска поради смогот издале предупредување од највисоко ниво, јавуваат светските медиуми. „Портокаловото ниво“ за кое било издадено предупредувањето во Пекинг е второ највисоко ниво на загадување. Како што пренеле кинеските медиуми, предупредувањето, меѓу другото, значи и дека се бара од фабриките да го намалат или целосно да го […]

На воената парада во Пекинг ќе присуствуваат лидери на над 30 држави

август 25, 2015

Лидери на над 30 држави потврдија дека ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември, по повод одбележување на 70-годишнината од победата во Втората светска војна, соопшти кинеската влада. Организаторите наведоа дека 12.000 војници и офицери ќе учествуваат на воената парада на плоштадот Тјенанмен, каде ќе бидат прикажани над 500 парчиња оружје и […]

Пекинг ја доби организацијата на ЗОИ 2022

јули 31, 2015

Главниот град на Кина, Пекинг, ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2022 година, одлучи Меѓународниот олимписки комитет (МОК) со денешното гласање, јавуваат светските агенции. Со тоа, Пекинг е единствената светска метропола што била домаќин и на летни и на зимски олимписки игри. На денешното гласање, Пекинг со тесен резултат, 44-40, го победи Алмату, […]

Средба Путин – Абе

ноември 10, 2014

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пекинг се сретна со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, пренесе ИТАР ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Украина, работата врз мировниот договор меѓу Русија и Јапонија и шансите за посета на рускиот претседател на Јапонија. Путин и Абе се сретнаа на […]

Обама ја почна азиската турнеја

ноември 10, 2014

Претседателот на САД, Барак Обама, со посетата на Пекинг ја почна турнејата во Азиско-пацифичкиот регион. Тој утринава се обрати на отворањето на средбата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а вечерва ќе има работна вечера со клучни лидери од Азија. Се очекува Обама да се сретне со новиот индонезиски претседател Џоко Видодо. За време на посетата, […]

Денеска во Пекинг почна самитот на АПЕК

ноември 10, 2014

Во главниот град на Кина, Пекинг, денеска почна средбата на лидерите на земјите-членки на Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК). Домаќин на средбата, на која присуствуваат лидерите на 21 држава, е кинескиот претседател Кси Џинпинг. Меѓу присутните се и рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Барак Обама. Дводневната средба во Пекинг е посветена на зајакнување на […]

Илјада демонстранти на улиците на Хонг Конг

ноември 9, 2014

Околу илјада демонстранти маршираа денеска до кабинетот на кинеската влада во Хонг Конг, барајќи измена на регулативите за избор на лидер во тој град. Демонстрантите, меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг и блокираат три главни раскрсници во таа азиска финансиска престолнина. Тие бараат слободни избори за првиот човек на Хонг […]

Австралискиот премиер Абот ќе се сретне со рускиот претседател Путин

ноември 8, 2014

Австралискиот премиер Тони Абот изјави ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Пекинг, со кого ќе има искрен разговор за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“. Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој од минатиот месец ветува дека ќе се соочи со рускиот […]

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница

ноември 8, 2014

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница, рече американскиот државен секретар Џон Кери. Украинската армија вчера ја обвини Русија дека испратила конвој од 32 тенка и камиони со војници до проруските сили во Источна Украина, кои се во судир со украинските сили. – Доволно е да се каже дека […]

Путин: Политиката ја диктира цената на нафтата

ноември 8, 2014

Во цената на нафтата секогаш е присутна и политичка компонента, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прашањата од новинарите зошто паѓа цената на овој енергент. – И не само тоа, во одредени кризни моменти се добива впечаток дека политиката преовладува во формирањето на цените на енергентите – рече Путин во интервју за кинеските медиуми пред посетата […]

Страна 1 од 1