fbpx

Извозот во првиот квартал опаднал за 10,8 отсто, увозот намален за 6,3 отсто

-

Епидемијата со корона вирусот ги покажува првите поконкретни негативни последици по македонската економија. Извозот во првиот квартал од 2020 година изнесувал 1.552.953.000 американски долари и истиот бележи пад од 10,8 отсто во однос на истиот период од минатата година, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Вредноста на увезената стока во истиот период изнесувала 2.116.414.000 американски долари, што е за 6,3 отсто помалку во споредба со првите три месеци од 2019 година. Трговскиот дефицит за периодот јануари – март 2020 година бил заокружен на 563.460.000 американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ март 2020, изнесувала 73,4 отсто. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, се наведува во соопштението на ДЗС.

Во првите три месеци годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, нашата земја најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...