fbpx

Извештај на ИЈЗ за 6 дена: Намален бројот на новозаболени и починати од ковид-19, расте бројот на оздравени

-

Министерството за здравство информира дека неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година евидентира намалување на бројот на новозаболени и починати од ковид-19, а зголемување на бројот на оздравени лица, во споредба со една недела претходно, 21-28 јуни.

„Во овој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни случаи на ковид-19, што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи. Од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10,9 отсто. Регистрирани се случаи во 25 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (45,9 отсто) и во Тетово (10,3 отсто). Во 17 градови во земјата, за истиот период бројот на новопотврдени случаи е под 20“, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените во периодот од 6 дена, најголем процент се лица над 60 години 22,9 отсто, потоа лица од 50-59 години – 19,8 отсто, има благо намалување во однос на претходниот период кај лицата меѓу 40–49 години и благо зголемување на процентот кај лица помеѓу 30-39 и 20-29 години. Најмал број на новозаболени има кај децата, и тоа од 0-9 години – 3,1 отсто, и од 10-19 години – 4,1 отсто, од вкупниот број на новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени во овој период, хоспитализирани се 113 пациенти или 13,4 отсто, што претставува намалување за 4 отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети.

Во периодот 29 јуни до 5 јули, регистрирани се 46 смртни случаи, што е 11 помалку од една недела претходно. Најголем дел биле пациенти над 60 години, 67,4 отсто. Кај 38 од смртните случаи или 82,6 отсто, регистрирани се претходни коморбидитети.

Оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 166 лица повеќе од претходната недела на известување (21-28 јуни). Ова е исто така важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на растот на активни случаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...