fbpx

Истиномер: Српскиот министер за полиција го премолча бруталното тепање демонстранти

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите istinomer.rs ги анализираше тврдењата на министерот за полиција на Србија, Небојша Стефановиќ, искажани на прес-конференцијата завчера пред полноќ, кога по бруталните сцени на насилство меѓу полицијата и демонстрантите, тој рече „Луѓето од полицијата беа потполно воздржани. Тргнаа во интервенција во оној момент кога тоа насилство стана неиздржливо. Кога нивниот живот беше во опасност. Полицијата, и покрај сè, на многу нормален, рационален начин во потполност ја врати контролата на целиот простор“.

Втората ноќ на граѓанските протести во Белград, Нови Сад и други градови на Србија, ја обележаа уште побрутални сцени на насилство меѓу полицијата и демонстрантите, а министерот за полиција на таа прес-конференција изрази сочувство и разбирање само за припадниците на полицијата. Според неговите зборови „граѓаните и остатокот на светот“ можеле да посведочат за „потполно мирното и воздржано однесување на полицијата, која трпеше гаѓање со факли, камења и цигли“, посочува istinomer.rs.

„Можете да замислите колку се тешки тие минути, во коишто тие луѓе што се, и нечии браќа и нечии синови и нечии татковци, стојат додека ги удираат камења, факли, удирани на најужасен можен начин… Изложени на обид за линч. И никој нема суштинско објаснување зошто – освен насилството. Насилство за некој да дојде на власт покрај волјата на народото. И покрај сето тоа луѓето од полицијата беа потполно воздржани. Тргнаа во интервенција во оној момент кога тоа насилство стана неиздржливо. Кога нивниот живот беше во опасност. Полицијата, и покрај сè, на многу нормален, рационален начин во потполност ја врати контролата на целиот простор“, рече Стефановиќ.

Меѓутоа, документирани примери на употреба на прекумерна физичка сила на полицајците над демонстрантите, во ноќта во средата ескалираа во уште побртутални сцени не неоснована агресија. Припадниците на полицијата не се исплашија први да ги нападнат учесниците на протестот и употребија сила на луѓе кои веќе лежеа на бетонот. Меѓу нападнатите имаше и новинари, пишува српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите.

Еден пример кога полицајците буткаат на земја еден демонстрант и, во голем број, продолжуваат брутално да го удираат со пендреци и да го клоцаат.

 

Полицајци во Нови Сад први напаѓаат момче на велосипед, го буткаат, го удираат и го фрлаат велосипедот.

 

Фотографии од повредено момче коешто полицијата го набила на шилец и го тепала со пендреци.

 

Фотографиии од Жикица Стевановиќ, новинар на агенцијата „Бета“, кој бил претепан од припадниците на Жандармеријата. Стевановиќ добил повреди на главата поради кои бил задржан во Итна помош до утрото.

 

Еве уште еден пример на прекумерна сила над лице што веќе било бутнато на земја.

 

Документираните примери на брутално насилство врз демонстрантите што веќе биле на земја, како и агресивните напади на луѓе што не им се спротивставувале, ниту давале отпор, сведочат оти не е точно дека „полицајците интервенирале само кога животот им бил во опасност, како што тврди министерот за полиција, пишува istinomer.rs, потсетувајќи дека сцените ноќта меѓу 7 и 8 и меѓу 8 и 9 јули воопшто не одат во прилог на тврдењето на министерот дека „полицијата на многу нормален и рационален начин ја вратила контролата“.

Поради тоа, оваа изјава на министерот за полиција Небојша Стефановиќ е невистинита, заклучува istinomer.rs

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...