четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: полициска бруталност | 19 резултати

Протести во Франција по убиството на 17-годишно момче од полицијата

јуни 29, 2023

Над 150 лица се уапсени на вчерашните протести против полициската бруталност во Франција, при што тамошното Министерство за внатрешни работи тврди дека тие прераснале во насилство со напади и уништување на општински згради, школи и полициски станици, јавува Гардијан. Причина за протестите е убиството на 17 годишно момче од страна на полициски службеници при рутинска […]

Хелсиншки комитет за човекови права: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач

април 1, 2022

Видео снимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку денови се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата […]

Аваја: Апелациониот суд да ја прифати пресудата за случајот со полициска бруталност во Битола

ноември 21, 2021

Граѓанското движење АВАЈА вчера одржа Марш за правда, откако Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда за случајот на полициска бруталност во Битола, со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен и е осуден на казна затвор од една година. Протестот започна од пред Основниот кривичен суд Скопје, каде што Ремзи Медик, тим лидер на […]

Протест против полициската бруталност пред Чешката амбасада во Скопје [фото]

јули 4, 2021

Над 1.000 граѓани учествуваа на вчерашниот протест пред Чешката амбасада во Скопје поради убиството и полициската бруталност врз младиот Ром, Станислав Томаш од Теплице, Чешка. Протестот беше организиран од граѓанското движење – АВАЈА. Протестот започна од пред основното училиште “Koчо Рацин“ на улица “Мајка Тереза” (Водњанска) и продолжи пред Чешката амбасада. Чешките власти предводени од премиерот, […]

Убиецот на Џорџ Флојд доби 22,5 години затвор

јуни 26, 2021

Дерек Шовин, тогашен полицаец кој минатата година на улица во Минеаполис го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, вчера беше осуден на затворска казна од 22 и пол години. По убиството почнаа серија на големи протести против кршење на правата на Афроамериканците под мотото „Црнечките животи вредат“, кои честопати се претвораа во безредие. Како што извести Си-ен-ен, […]

Полицијата малтретирала двајца Роми во 2014, Судот во Стразбур пресуди земјава да исплати отштета

ноември 9, 2020

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на двајца Роми, кои во 2014 година биле малтретирани од страна на полицијата во Скопје. Двете лица, кои тогаш имале 16 односно 13 години ќе добијат надомест на штета во износ од 7.500 евра поединечно, објави Европскиот центар за права на Ромите, кој ги застапуваше двете […]

Хелсиншки комитет и Аваја бараат МВР да го реши последниот случај со полициска бруталност врз Роми во Битола

октомври 21, 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со Македонското здружение на млади правници, преку заеднички проект ангажираа адвокат за последниот случај за кој вчера извести ромската организација АВАЈА, а е поврзан со индикации за полициска бруталност, но и со елементи на реваншизам од страна на полициските службеници. Според АВАЈА, овојпат полицијата употребила прекумерна сила врз повозрасна […]

Протест против полициската бруталност во Битола

септември 26, 2020

Во Битола денеска ќе се одржи протест против полициската бруталност организиран од организацијата АВАЈА. Овој протест е поттикнат од инцидентот што се случи неодамна, каде можеше да се види како претставник на полицијата тепа припадник на ромската заедница. АВАЈА е граѓанска иницијатива која има за цел да ги артикулира и промовира интересите на граѓаните роми […]

Дезинформации за навлегување на руската војска во Белорусија за да „ги смири демонстрациите“

август 17, 2020

Откако на социјалните мрежи и преку чет апликациите почнаа да се шират видеа на кои се гледаат воени транспортери и автобуси полни со војници, со тврдење дека тоа е руска војска која или веќе навлегла во Белорусија или „само што не влегла“, проверувачите на факти од Белорусија бргу ги разоткрија ваквите наводи како дезинформации. Како […]

Истиномер: Српскиот министер за полиција го премолча бруталното тепање демонстранти

јули 10, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Пакетот закони за заштита од полициска бруталност одат на комисиски расправи

јануари 15, 2018

Собранието на денешната пленарна седница ги усвои заклучоците за пакетот законски измени со кои се предвидува формирање на надворешни механизми за заштита од полициска бруталност. Пратениците од парламентарното мнозинство, без опозицијата, која не учестува во работата на законодавниот дом, по брза постапка, без расправа одлучија измените на законите за извршување санкции, за јавно обвинителство, за […]

Дури 460 луѓе биле повредени од полицијата, тврди каталонската влада

октомври 1, 2017

Во акцијата на шпанската полиција во Каталонија да го спречи референдумот за независност на оваа покраина, се користеше и директно физичко насилство и пендреци и гумени куршуми, јавуваат медиумите. Во пресметката што се случуваше кога на гласачките места полицијата интервенираше за да го одземе гласачкиот материјал, а граѓани се спротивставуваа, се повредени најмалку 460 цивили […]

Мемети: Сè уште имаме нефункционални и исполитизирани институции

март 30, 2017

Сè уште имаме исполитизирани и нефункционални институции, кои спроведуваат и партиски агенди, истакнал денеска народниот правобранител Иџет Мемети, на презентацијата на годишниот извештај за степенот на почитување, унапредување и заштита на човековите права и слободи во 2016 година, пренесува „Нова ТВ“. Според Мемети, во сферата на почитувањето и на заштитата на човековите права, минатата година […]

Немири во Париз поради полициска бруталност

февруари 8, 2017

Седумнаесет лица се уапсени во немири во предградие на Париз кои избија откако полицаец, наводно, со пендрек, сексуално малтретирал црно момче. Демонстрантите во текот на ноќта палеле автомобили и контејнери, а насилствата од североисточното предградие на Париз се прошириле во уште пет града. Протестите и немирите почнаа по извештаите дека полицијата минатата недела нападнала 22-годишен црнец […]

Омбудсманот Мемети тврди дека полициската бруталност е во пораст

декември 22, 2016

Полициската бруталност во Македонија е во пораст и не постојат ефективни истраги, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети, врз основа на сумираните податоци за 2016 година. Зборувајќи на прес-конференција во Хелсиншки комитет за човекови права, Мемети рече дека канцеларијата на Народниот правобранител во врска со случајот „Диво Насеље“ поднела пет кривични пријави до јавниот обвинител, […]

Страна 1 од 1