fbpx

Истиномер: Никој ништо не знае вистински за корона вирусот, ама сите мудруваат

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите istinomer.rs направи опсежна анализа на големиот број дезинформации за корона вирусот од почетокот на неговото ширење досега низ светот и на нивното распространување не само преку српски и балкански медиуми, туку и од официјални лица во Кризниот штаб на Србија.

Кон крајот на јуни, кога почна новиот бран ширење на корона вирусот, членот на кризниот штаб на Србија Предраг Кон рекол дека за вирусот не се знае речиси ништо.

„Овој вирус ни покажа дека ништо не знаеме за него и дека едноставно сето она што се случува вообичаено при респираторните вируси, односно дека има јасно одредена сезона, дека во овие месеци, во овој дел на годината и тоа како е активен и способен да се пренесува“, рекол д-р Кон во емисијата „Око“.

Почетните тврдења дека корона вирусот е најопасен за жолтата раса и дека не ги напаѓа Африканците, но ни децата, па дури ни Србите, оти имаат силни гени, треба да ги заборавиме – иако најголемиот дел од луѓето не ги сфаќаат тие тврдења сериозно, пишува istinomer.rs.

За тврдењата дека децата не заболуваат, односно не пренесуваат зараза, веќе и нема што да се дискутира, потсетува сервисот за проверка на фактите и борба против дезинформациите.

Но, швајцарските власти одлучиле дека децата воопшто не заболуваат, односно не го пренесуваат вирусот, па решиле да ја укинат забраната за контакт помеѓу постари лица и деца до 10 години, бидејќи „научниците заклучиле дека малите деца во таа возраст немаат развиени рецептори за корона вирусот, па не може ни да бидат преносители“, објавила Би-Би-Си, a пренела Радиотелевизија Војводина.

Како што пишува српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите, тогаш главниот експерт на СЗО за вонредни ситуации, д-р Мајк Рајан, ги смирил родителите со зборовите дека „најголемиот дел деца што добиваат ковид имаат благи симптоми и целосно ќе заздрават“, и за среќа – таа порака важи и денес. Меѓутоа, тврдењето дека децата не го пренесуваат вирусот сепак се покажало неточно, па веќе на крајот на јуни швајцарски истражувачи објавиле нова студија, во која се вели дека децата го пренесуваат корона вирусот подеднакво успешно колку и возрасните.

„И покрај високиот процент на благи или асимптоматски инфекции, треба да се сметаат за преносители освен доколку не се докаже спротивното“, заклучиле научниците од Универзитетот во Женева.

Набргу по појавата на вирусот се утврдило дека ни Асепсолот, како дезинфекциско средство, ниту сребрената вода не го убиваат вирусот на површините, а дека алкохолот е ефикасен за заштита само ако со него се дезинфецираат површини и предмети, а не ако се пие… Односно, како што рекле лекари, кога вирусот еднаш ќе влезе во организмот, самиот тој мора да го сузбие, бидејќи уште нема потврдени лекови.

Сепак, поголемиот дел заблуди биле за некои лекови, како и за високите температури „кои го убиваат вирусот“.

Така, во мај повеќе се пишувало за хлорокинот како ефикасен во лекувањето на ковид-19, па и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објавил дека во Србија почнува производство во поголем обем на овој лек. Но, во истото време СЗО соопштила дека нема доволно податоци зз потврда на ефикасноста на хлорокинот, а подоцна, во јуни се појавиле и други студии што велат дека во најголем дел станува збор за плацебо ефект.

Што се однесува до сончевото зрачење и УВ светлината во него, иако се тврдеше дека во лето тоа ќе помогне да се уништи вирусот во надворешната средина, новиот бран покажува дека тоа не е точно. Односно, како што утврдиле експертите, ако се користи спектарот на УВ светлината што го уништува вирусот како превентивна мерка, луѓето би се „испржиле“ од тоа зрачење, пишува istinomer.rs

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...