За првпат бројот на оздравени лица е значително повисок од бројот на новозаразени со ковид-19

-

Министерството за здравство денеска регистрирало 205 случаи на новозаболени лица од ковид-19 во земјата, 336 оздравени пациенти, како и шестмина починати лица. Она што може да се забележи е дека бројот на оздравени пациенти е најголем во едно деноноќие (336) од почетокот на епидемијата, а во исто време, овој број за првпат е и значително поголем од бројот на новозаразени пациенти во период од 24 часа.

Епидемиологот и в.д. директор на Центарот за јавно здравје од Скопје, д-р Александар Стојанов за „Мета.мк“ вели дека бројот на новозаразени пациенти е висок, затоа што е висок и бројот на направени тестови, вкупно 1.728.

– Сме имале и по 1.800 тестови во еден ден, така што оваа бројка од 1.728 тестирања не е најголемата досега. Но, не е толку важно колку тестови се направени, поважен е процентот на позитивни од направените тестови. Со овие бројки од денес, тој процент изнесува 12, а сме имале денови кога овој процент бил и 15. Сепак, во еден ден досега не се случило да имаме 205 новозаразени пациенти. Во однос на прогнозите за тоа што нѐ очекува, сѐ е релативно. Што и да ви кажам сега, може утре да се промени. Овој вирус, ако нешто нѐ научи, тоа е дека не можеме да дадеме никакви финални прогнози и очекувања – вели д-р Стојанов.

Од новозаразените пациенти најголем број се во Скопје – 60. И најголем број од оздравените исто така се од Скопје – 113.

Во последното деноноќие починале и шест лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Гостивар. Биле на возраст од 62, 68, 94, 65, 70 и 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани случаи во нашата земја од почетокот на епидемијата е 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...