понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Александар Стојанов | 30 резултати

Новиот ковид бран почна порано од очекуваното, експертите велат: На плажа нема да се заразите, но во дискотека, големи се шансите

јули 5, 2022

Бројот на нови ковид случаи во изминативе денови е во пораст. Ако до пред дваесетина дена бројката изнесуваше педесетина случаи на ден, во последниве денови веќе сликата е поразлична и се евидентираат и по речиси 300 нови случаи. Процентот на заразени достигнува и до 18 отсто од тестираните на дневно ниво. Здравствени експерти за Мета […]

Наесен ковид-случаите може да пораснат, но состојбата нема да е драматична

јуни 14, 2022

Вирусот не е исчезнат, па затоа наесен очекувањата се дека можно е да порасне бројот на новозаразени лица со ковид-19, но сепак не се очекува тоа да биде драматично. Ова е ставот на докторите кои Мета ги праша какви се прогнозите за состојбата со пандемијата која сега е стишена. Имаме околу до максимум шеесетина случаи […]

Мајмунските сипаници многу тешко се пренесуваат за да бидат опасни, велат експертите

мај 23, 2022

Пандемијата од ковид-19 нема замав во последните месеци, но затоа појавата на мајмунските сипаници предизвикаа големо внимание во јавноста. Медицинските експерти велат дека простор за паника нема заради тоа што овие сипаници многу тешко се шират за да бидат опасни, а и бројот на случаи е мал на светско ниво. Епидемиологот проф. д-р Александар Стојанов […]

Прераното укинување на мерките може да го зголеми бројот на ковид случаи

април 6, 2022

Грција, Италија, Германија и Велика Британија се само некои од европските земји кои бележат пораст на бројот на ковид случаи. Како што оцени Светската здравствена организација (СЗО) неодамна, „бруталното“ укинување на ограничувањата е главната причина зошто неколку европски земји регистрираат нагло зголемување на случаите. Пораст на случаите има и во Кина, а Шангај е во […]

Почна новото полугодие, останаа старите проблеми и дилеми

февруари 1, 2022

Од денеска учениците се вратија во училиштните клупи. Со почитување на протоколите кои беа на сила и во првото полугодие, започна и второто, но останаа дилемите – дали треба да се оди на училиште со физичко присуство, дали треба учениците и наставниците да носат маски, дали можеби треба да се размисли уште да се продолжи […]

Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

јануари 26, 2022

Не е оправдано барањето да не се носат маски додека трае наставата, посебно не сега во период кога имаме и по над 2.000 нови ковид случаи на ден, предупредува епидемиологот д-р Александар Стојанов за Новинската агенција Мета. Ова следува по иницијативата на граѓани „Стоп за носењето маски во училиштата“, да престане задолжителното носење маски во […]

Д-р Стојанов: За Водици не е проблем бројот на капачи, туку групирањето на луѓето од страна

јануари 19, 2022

Секој вид на собир е проблематичен во однос на ширење на Омикрон, независно дали станува збор за верски настан, концерт, дружба в кафеана и слично, па така, проблем е и ако на Водици се организира собир на верници, смета епидемиологот д-р Александар Стојанов. Според него, не се проблем капачите, колку што се проблем луѓето кои […]

Стојанов: Проблем е да се чека ред во амбуланта, а не е проблем да се чека за на жичарница

јануари 18, 2022

Сојот омикрон многу брзо се шири во сите држави и тоа главно е проширен меѓу младите и тоа е добра причина да си останат на сила актуелните мерки, но и да се воведат нови, смета епидемиологот д-р Александар Стојанов. Секаде во земјите во регионот и во Европа расте бројот на новозаразени од ковид, ова е […]

Стојанов: Коронавирусот мутира зашто луѓето не се вакцинираат

ноември 26, 2021

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на ковид, наречена B.1.1.529, а која е откриена во Јужна Африка. Овој нов мутант е повод претставниците на СЗО денеска да се состанат и да разговараат околу третманот и вакцините. Јужноафриканските научници откриле 30 мутации на спајк протеинот, делот од вирусот што се врзува за клетките во телото, […]

Вистиномер: Примив вакцина против ковид, дали смеам да се вакцинирам против сезонски грип?

октомври 22, 2021

Дилемата којашто се јавува кај пациeнтите е дали оние кои се имунизирани против ковид-19, може да примат и вакцина против грип. Комитетот за имунизација препорачува граѓаните кои се вакцинирале со вакцина против ковид-19, две недели по примената втора доза, може да се вакцинираат против сезонски грип, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме […]

Стојанов: Неопходно е да се анализира зошто имаме од 20 до 30 починати дневно

август 30, 2021

Потребно е да направи анализа и да се види зошто е голем бројот на смртни случаи како последица на ковид-19. Година и половина се занимаваме со пандемија, но сепак бројот на починати граѓани е голем, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за јавно здравје. Според евиденцијата на Министерството за здравство, бројот […]

Д-р Александар Стојанов: И вакцинираните лица да избегнуваат собири

август 9, 2021

Вакцината штити од ковид и со неа е многу полесно да се функционира. Минатото лето немавме вакцина, а сега кога ја имаме, нема голем интерес за неа. Она што е многу важно е граѓаните да се вакцинираат, па и децата постари од 12 години, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за […]

Стојанов: Пандемијата ќе трае уште долго, залудни се сите рестрикции бидејќи самите не внимаваме

март 10, 2021

Изминатава година ништо не научивме ако го погледнеме бројот на ковид-случаи и на рестриктивните мерки кои повторно ќе бидат на сила. Ситуацијава покажува дека залудни се сите мерки бидејќи не сфаќаме дека не треба во гужви да влегуваме, во трговски центри, во автобуси, во станови и во куќи, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен […]

Епидемијата се стабилизира, но не треба да се опуштаме бидејќи сè ќе биде бадијала, велат епидемиолозите

јануари 21, 2021

Според неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец, бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, освен бнројката на оздравени случаи која бележи зголемување, информираат во Министерството за здравство. Сепак, епидемиолозите предупредуваат дека ова не значи дека пандемијата е […]

Пониските бројки на заболени и починати од ковид-19 не се никаков сигнал за опуштање [инфографик]

јануари 13, 2021

Иако бројките на новозаразени на дневна основа од вирусот SARS-CoV-2 и на починати како резултат на болеста ковид-19 опаѓаат, сепак пандемијата е далеку од завршена и граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, велат епидемиолозите. Споредено со останатите земји од Балканот, Северна Македонија бележи стагнација на развојот на болеста. Така на пример […]

МЗ: Има доволен број на кревети во болниците, состојбата се менува од час во час

ноември 5, 2020

Во овој момент не сме дојдени дотаму да мора комплетно да ги затвориме угостителските објекти, продавниците, трговските центри, но како што се одвиваат работите, и нам истото не ни бега, вели за Мета д-р Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје коментирајќи ги најавите за карантин во некои од соседните земји. Ваквите коментари доаѓаат откако […]

Стојанов: Има место за уште 1.000 хоспитализации, ако се исполнат, следен чекор е карантин

ноември 2, 2020

Рестораните, кафулињата, кафеаните да работат до 21 часот наместо до 23 како досега, предлага Комисијата за заштита од заразни болести. Предлогот е одобрен од владиниот кризен штаб, а дека се планира ова, за Мета потврди и д-р Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје. Тој вели дека во државата има отприлика место за уште […]

Пламна ковид-19 на Балканот, државите од регионот повторно воведуваат рестрикции [инфографик]

октомври 21, 2020

Европа е повторно жариште на нов бран на заразени со ковид-19, болеста што ја предизвикува новиот корона-вирус. Балканскиот полуостров е особено зафатен со новиот наплив на заразени. Кривите на графиконите на сите земји во регионот се движат во нагорна линија, нешто што здравствените експерти и епидемиолози го најавуваа уште пред неколку месеци. Ниските температури, а […]

Стојанов: Нема дисциплина, можно е да се намали работното време на кафичите

септември 21, 2020

Минатата недела, но и оваа, бројките покажуваат дека ковид-19 се шири, а тоа е причина да се вратат благи рестриктивни мерки, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје. Според евиденцијата, бројот на смртни случаи е загрижувачки висок, а не опаѓа ниту бројот на новозаразени пациенти, што зборува дека ширењето на вирусот […]

Епидемијата ќе пламне поради славите и забавите, а не поради градинките и училиштата

септември 17, 2020

Расте бројот на новозаразени пациенти, а се намалува бројот на пациенти кои се хоспитализираат. Додека секаде во светот смртноста од ковид-19 опаѓа, кај нас расте, а доказ за тоа е 23 починати за последниве три дена. На што се должи ова? Што да очекуваме во периодот кој следува, со оглед на фактот дека градинките се […]

Страна 1 од 2